Што се крие под превезот? Навиките на жените од арапските земји

Од чувство за мода до улогата во семејството, кои се претпоставките, а која е вистината за жените од арапските земји?

shto-se-krie-pod-prevezot-navikite-na-zenite-od-arapskite-zemji-01.jpg

Жените од арапските земји се една од најзборуваните групи во светот. Но, за нив постојат и многу стереотипи, а ситуацијата во реалноста е сосема поинаква.

Какви се жените од арапските земји?

Тие не се толку поинакви

Иако, најчесто се претставувани како поинакви, егзотични, а понекогаш дури и уназадени, тоа не е точно.

Овие жени се исти како и жените од останатите делови на светот. Тие се образовани докторки, адвокатки, учителки, менаџерки.

Имаат чувство за мода

Многу од нив носат хиџаб и тоа различни типови, а главата им е задолжително покриена, но многу не носат.

На пример, во некои држави жените сакаат да носат светли бои и да комбинираат фустани и марами во исти дезени. На некои ТВ канали има модни емисии во кои се даваат упатства како на модерен начин да ја врзат марамата.

Но, дури и оние навидум најконзервативните кои носат строго хиџаб во темна боја, оддолу сакаат да носат нешто што е тренд во модниот свет.

shto-se-krie-pod-prevezot-navikite-na-zenite-od-arapskite-zemji-02.jpg

Располагаат со финансиите

Тие не се ниту потиснати, ниту без моќ. Дури и во конзервативните средини каде зборот на мажот е најважен, а жените треба да бидат посветени на семејството, има големи промени.

Многу често токму тие ја чуваат документацијата на семејството и раководат со домашниот буџет.

Мислат на чистотата на духот и телото

Овде се мисли и на моралноста во животот општо. Тие се загрижени за влијанието од Западот врз сексуалната слобода на жените.

Но, загрижени се и за физичкиот аспект затоа што нив невиноста им се поврзува со религиозните обреди и учењето на Куранот.

Чистотата им е многу важна, па тие се мијат пред религиозните обреди. Чистото тело и чистиот дух им се задолжителни.

shto-se-krie-pod-prevezot-navikite-na-zenite-od-arapskite-zemji-05.jpg

Доброто на семејството им е главна грижа

Тие на свои плеќи ја носат одговорноста за доброто на семејството. Се грижат за здравјето на членовите, хармонијата во врските, успехот на децата.

Обожаваат да раскажуваат приказни

Во разговорите, често раскажуваат приказни за да решат проблем или да посочат некоја поента. Без разлика дали е за некој крал или за некоја друга жена, тие знаат како историјата да ја стават во контекст.

shto-se-krie-pod-prevezot-navikite-na-zenite-od-arapskite-zemji-04.jpg

Ако ве интересира подетално, прочитајте и зад вратите на харемот: Како живеат жените во арапските земји?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Пет работи кои им се забранети на жените во Северна Кореја Мажените жени имаат право само на една фризура и никаде не се продаваат влошки и...
Мажите си ги разменуваат жените, имаат секс по 5 пати на ден: Факти за Бушманите Поим за убавина им се жените со голем задник, пушат халуциногена билка и имаат с...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg