Зад вратите на харемот: Како живеат жените во арапските земји?

За животот на арапските жени има толку многу стереотипи и верувања, што веќе не знаеме во што да веруваме, а што е измислено и преувеличено.

zad-vratite-na-haremot-kako-zhiveat-zhenite-vo-arapskite-zemji-01.jpg

Полигамија и хареми, или целосна моногамија, недостаток на едукација и недостаток на легални права и еднаквост, се само дел од елементите поврзани со нивниот живот.

Па, доколку досега ве интересирало како изгледа животот на една убава и мистериозна жена од Истокот, дознајте во продолжение:

Договор за брак

Половина од браковите во многу арапски земји се базирани на желбата на родителите. Многумина веруваат дека никој не се грижи за мислењето на девојките, но сепак многу често тие имаат можност да одбијат доколку не им се допадне мажот.

Договорот за брак мора да биде потпишан, за разлика од останатите земји.

Во повеќето арапски земји, минимална возраст на младоженците за брак е 18 години, иако има многу земји каде се венчаат и пред 18.

zad-vratite-na-haremot-kako-zhiveat-zhenite-vo-arapskite-zemji-02.jpg

Какви се свадбите?

Традициите се разликуваат во зависност од земјата, но најчесто младоженецот и невестата ја слават свадбата одвоено.

Свадбата на мажот може да се слават и во истиот ден како на невестата и најчесто се едноставни – чај, кафе, ручек и дружење – не повеќе од 4 часа.

Свадбата на жената е прилика да се покажат дијамантите, дизајнерските чевли и вечерните фустани. На мажите им е строго забрането да бидат дел од оваа прослава, а дури и персоналот е составен само од жени.

Доаѓањето на сопругот се соопштува однапред за жените да можат да се засолнат. Дури и ако мажот дојде со браќата или таткото, невестата треба да се покрие со хиџаб, бидејќи дури и мажите од семејството не смеат да ја видат нејзината убавина.

На свадбата не е вообичаено да се даваат пари или домаќински апарати, па наместо тоа на невестата најчесто ѝ се подарува накит.

Полигамија

Повеќето бракови се моногамни и не секој Арап може да си дозволи полигамија. Исламот дозволува до 4 сопруги, но на секоја од нив мора да ѝ се обезбеди сопствен дом, еднакво да бидат дарувани како со внимание, така и со накит и други работи. Ова е привилегија која можат да си ја дозволат шеиците и богатите луѓе.

Првиот брак е најважен, без разлика на тоа колку жени има мажот. Првиот е оној кој го сметаат за голем и најважен.

zad-vratite-na-haremot-kako-zhiveat-zhenite-vo-arapskite-zemji-03.jpg

Развод

Мажите кои сакаат да се разведат од жената, можат во секое време да ѝ кажат да си оди. Жената веднаш ќе ја напушти куќата само со работите кои се моментално на неа.

Токму затоа, жените го носат златото постојано на себе, иако разводите на иницијатива на мажот се многу ретки. По правило, децата остануваат со таткото по разводот.

Жените можат да поднесат барање за развод ако мажот не се грижи за нив добро. Ваквите изјави се разгледуваат внимателно од судот и најчесто ги прифаќаат.

Во арапскиот свет, мажите не треба да ја искажуваат љубовта со купување цвеќе, туку со накит и злато. Тој треба да ја носи во ресторани и да ѝ купува скапи подароци и облека на жената.

Облекување

Жените треба да го кријат телото во широка и долга облека, а исто така и лицето треба да им биде покриено кога излегуваат надвор, бидејќи нивната убавина ја чуваат само за нивниот сопруг. Исклучок се женските прослави, каде мажите немаат дозвола за присуство. Сепак, овој обичај не важи за во сите арапски земји.

Кувајт е единствената арапска земја каде жените се облекуваат нормално и не мора да се покриваат, но сепак изборот на облека треба да биде скромен и позатворен.

zad-vratite-na-haremot-kako-zhiveat-zhenite-vo-arapskite-zemji-04.jpg

Образование и работа

Ако жената сака да се едуцира, тоа не е забрането и многу девојки имаат можност да учат во странство. На пример, во Соединетите Арапски Држави, 77% од девојчињата по завршувањето на средно образование, продолжуваат со високо образование.

zad-vratite-na-haremot-kako-zhiveat-zhenite-vo-arapskite-zemji-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Низ илустрации: Застарени верувања кои треба да ги оставиме во минатото Мажот не смее да стапне во кујна бидејќи готвењето е женска работа и уште 7 заст...
Стари верувања дека некој „фрлил клетва“ на вашата куќа: Лоша среќа, наоѓање чудни предмети Во народот од колено на колено се пренесуваат разни верувања и суеверија. Кои се...
10 работи кои ако сте ги постигнале во животот - значи дека сте успеале Ако можете самоуверено да кажете „не“ во ситуации кога тоа е потребно, сте совла...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg