Прашања за жените кои ги мачат мажите - конечно одговорени!

Што чуваат жените во чантата?

Сè! Буквално, секоја ситница која може да им се најде при рака во секојдневието. Од паричник и очила за сонце, до шминки, документи, пенкало, марамчиња и уште многу други работи, додека има место во чантата.

И додека некои од нив не можат да ги најдат клучевите цела вечност, други имаат совршен распоред во чантата и за сè имаат посебно место.

odgovori-na-prashanjata-za-zhenite-koi-za-mazhite-se-predizvik-da-gi-doznaat-06.jpg

Зошто жените поминуваат толку време под туш?

Навистина? Негата на коса и тело е исто толку важна како и нанесувањето шминка.

И да, точно е дека многу жени стават шампон како во рекламите. Тие мора да ги искористат сите препарати за нега за да изгледаат совршено и да блескаат, а тоа одзема време.

odgovori-na-prashanjata-za-zhenite-koi-za-mazhite-se-predizvik-da-gi-doznaat-07.jpg

Што навистина значи „ништо не ми е“?

Кога мажите ќе ја слушнат оваа фраза, веднаш почнуваат да се сомневаат во спротивното.

Постојат повеќе теории за значењето на фразата. Една од нив е дека жените ја користат како заштитен механизам кога ја користат како одговор.

Други тврдат дека е добар начин да му покажат на мажот дека нешто не е во ред и треба да побрза за да го реши проблемот.

Постои и теорија дека така жената искажува агресија кон мажот. Сепак, не постои правило и ќе мора сами да процените и да реагирате правилно кога ќе ја слушнете оваа фраза.

odgovori-na-prashanjata-za-zhenite-koi-za-mazhite-se-predizvik-da-gi-doznaat-08.jpg

Зошто кренатиот капак од тоалетната школка ги нервира жените?

Прво, чудно е што ова воопшто постои како прашање, но сепак е причина за голем број кавги помеѓу партнерите кои живеат заедно.

Жените најчесто го гледаат ова како нехигиенски бидејќи така шолјата изгледа како да не е во вистинска положба и плус, воопшто не е пријатно среде ноќ, поспани, да седнат на ладна и понекогаш мокра површина.

Имајте разбирање, нема ништо да изгубите ако ја враќате во првобитна положба секојпат.

odgovori-na-prashanjata-koi-za-mazhite-se-predizvik-da-gi-doznaat-09.jpg

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Примери за подвоени стандарди меѓу мажите и жените што (за жал) сè уште се прифатени, низ илустрации Во приказните, мажот што лета е „супермен“, а жената е „вештерка“. Кога тато ги ...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
Низ илустрации: Стереотипи за мажите и жените кои е време да ги заборавиме Сите жени сонуваат за брак, а секој маж сака да биде „вечен ерген“ – најчестите ...
Ситуации во кои мажите често се дискриминирани, низ илустрации Срамота е мажот да заработува помалку од сопругата, тие не смеат јавно да покажу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg