Прашања за жените кои ги мачат мажите - конечно одговорени!
Иако многу жени сметаат дека се отворени и нивното однесување е предвидливо, сепак многу мажи се борат да ја разберат суштината поврзана со нив.
За нив е нејасно претераното ставање шминка, ниту пак одењето во тоалет заедно, како и многу други работи кои жените ги прават.
Некои прашања кои ги мачат воопшто не ги поставуваат, а за други, воопшто не добиле јасен одговор.
Па мажи, погледнете дали одговорите на следните прашања во продолжение ќе ви разрешат барем дел од дилемите:
Зошто жените поминуваат толку време на ставање шминка и на крај воопшто не изгледаат како да се нашминкани?
Жените имаат многу козметички производи кои ги користат за да изгледаат негувано, младо и привлечно.
Секој чекор одзема многу време, па затоа не може секогаш да завршат брзо.
Плус, повеќето од нив сакаат да изгледаат природно, но сепак да ги покријат сите недостатоци, а тоа одзема уште повеќе време, и иако и самите посакуваат да можат да бидат готови за минута – невозможно е.
Или пак, зошто изгледаат како сосема друга личност после шминкањето?
Креми, серуми, лосиони, светки, хајлајтер, коректор, пудра, маскара, руменило, сенки – и да, повеќето жени ги користат сите овие работи и повеќе од нив.
Индустријата за убавина создава постојано нови производи за кои жените веруваат дека ќе им го променат изгледот, а се подготвени на сè за секогаш да изгледаат беспрекорно.
Тие сакаат да експериментираат со изгледот исто колку што сакаат и комплименти, па не ги обвинувајте кога ќе ги видите со многу шминка, туку пофалете ги – верувајте дека се потрудиле.
Зошто жените толку уживаат во гушкање и мазење?
Поголемиот дел од жените уживаат во ова и ретко има исклучоци. За нив нема ништо подобро од тоа да останат во кревет со партнерот.
Објаснувањето е многу едноставно – тоа што се во вашите прегратки прави да се чувствуваат сигурно, а со мазењето се искажува удобноста, поддршката и желбата да се дели личниот простор.
Плус, со прегратките се зголемува лачењето на хормон кој е поврзан со позитивни чувства, па кога имате можност – не им го скратувајте задоволството.
Зошто жените одат во тоалет заедно?
Ова прашање мачи многу мажи, но тоа е нешто што зрелите жени не го прават.
Ова се случува помеѓу младите девојки – тие одат заедно во тоалет и таму зборуваат за нивните состаноци, или најчесто озборуваат и си ја поправат шминката и сакаат да имаат друштво додека чекаат ред или додека се средуваат.
Или пак, си позајмуваат една на друга козметички производи и сл.