7 научни докази дека интуицијата не е само измислица

Време е да научите да го слушате внатрешниот глас, ако сакате во животот да носите вистински одлуки.

7-nauchni-dokazi-deka-intuicijata-ne-e-samo-izmislica-01.jpg

Сигурно ви се случува од време навреме дланките да ви се потат, срцето да ви чука забрзано и да имате некое шесто сетило дека нешто ќе се случи.

Интуицијата е навистина мистичен феномен, тоа е како некое чудно претчувство кое ненадејно се појавува во нас.

Научни докази дека интуицијата не е измислица:

Забрзан пулс

Кога телото е под стрес, првиот знак е забрзаниот пулс. Размислуваме што ни се случува и зошто се чувствуваме така, иако ништо не навестува неволја.

Истражување направено на група испитаници, од кои на дел им биле поделени добитни карти, а на дел лоши карти, со мерење на отчукувањата на срцето кај нив докажано е дека иако ние секогаш не сме свесни што се случува околу нас, нашата потсвест е свесна.

Медитацијата ќе ви помогне не само да се релаксирате, туку и да научите да го слушате своето тело.

7-nauchni-dokazi-deka-intuicijata-ne-e-samo-izmislica-02.jpg

Дланки што се потат

Потењето на дланките може да биде симптом за некое болести, но понекогаш е реакција на нашето тело на околностите.

Во слично истражување со карти, како тоа за пулсот, откриено е дека кога на играчите неколку пати по ред ќе им се паднат лоши карти нивните дланки почнуваат да се потат. Ова може да биде сигнал кој пристигнува многу порано отколку реакцијата на мозокот дека играта навистина не оди во добра насока.

Мора да направите баланс на телото и умот со помош на медитација.

7-nauchni-dokazi-deka-intuicijata-ne-e-samo-izmislica-03.jpg

Двојна визија

Научниците велат дека имаме два типа на визија – свесна и интуитивна.

Истражување на Универзитетот во Колумбија покажа дека мозокот реагира со анксиозност на лица кои искажуваат страв, само ако се 33 милисекунди во нашето видно поле. Во толку кратко време не сфаќаме што сме виделе, но иако не сме свесни за тоа мора да ѝ веруваме на нашата интуитивна визија.

Слушајте го внатрешниот глас и вашите емоции, така ќе почнете да забележувате работи кои не сте ги гледале претходно.

7-nauchni-dokazi-deka-intuicijata-ne-e-samo-izmislica-04.jpg

Чувство од желудникот

Истражување од 2005 година направено врз жени, кои вежбале изострување на интуитивната визија две години, покажало дека тие имале нормализирање на крвниот притисок, намалување на нивото на холестерол и килограмите, повисока самодоверба и повеќе физички активности.

Жени кои во истиот период држеле диети, но не обрнувале внимание на внатрешниот глас не искусиле никакво подобрување на здравствената состојба, ниту намалување на килограмите.

7-nauchni-dokazi-deka-intuicijata-ne-e-samo-izmislica-05.jpg

Изострено сетило за мирис

Докажано е дека нашиот нос игра важна улога во носењето на одлуки, дури и да не знаеме ништо за мирисите кои се шират во воздухот.

Во истражување во 20011 година во Израел, на група испитаници од посилниот пол, на испитаниците им се давало да помирисаат туба со женски солзи и туба со плунка. Иако не знаеле што има внатре, на солзите тие реагирале со смиреност и со помала желба за секс.

Мирисите не само што влијаат на нашиот впечаток за нешто, туку влијаат и на нашето однесување.

7-nauchni-dokazi-deka-intuicijata-ne-e-samo-izmislica-06.jpg

Чувствителност на мозокот

Дали добивте понуда за работа од соништата, но се плашите да преземате ризици? Најдобро е да го прекинете текот на мислите, да направите некоја друга активност, да ѝ дозволите на потсвеста да направи филтер на информациите и дури потоа да донесете одлука.

Едно холандско истражување на група испитаници им дало задача да проценат 4 модели на автомобили врз основа на 12 карактеристики за секој од нив и да го изберат најдобриот.

60% од испитаниците кои биле прашани да донесат спонтана одлука, но прво извеле некоја друга активност, па одлучиле, го направиле вистинскиот избор.

7-nauchni-dokazi-deka-intuicijata-ne-e-samo-izmislica-07.jpg

Квалитетен сон

Во 2011 на група испитаници дадена им е задача за решавање. Дел од испитаниците поголемиот дел од ноќта размислувале за задачата и следниот ден дошле  да одговорат, додека другиот дел ја разгледале задачата, а потоа се вратиле за својата рутина и си легнале да поспијат 8 часа, како и секогаш. Резултатот бил дека втората група била драстично поуспешно.

Така кога треба да донесете некоја одлука, најдобро е да го запишете прашањето што ве мачи пред да одите во кревет. Дозволете ѝ на вашата интуиција да ја донесе одлуката.

Не залудно велат дека утрото е помудро од ноќта.

7-nauchni-dokazi-deka-intuicijata-ne-e-samo-izmislica-08.jpg

Прочитајте и кои се 7-те сигнали на интуицијата, кои не смеете да ги игнорирате!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Иронијата во нашето секојдневие, низ илустрации што ќе ве натераат да размислувате Даваме пари за креветче за мачка, за на крај таа да си легне на сосема друго мес...
Морничавата приказна за канибалот Алберт Фиш - Тврдел дека гласови го тераат да убива Алберт Фиш е еден од најозлогласените сериски убијци кој бил и канибал. Откако б...
Бон-тон правила на кои најчесто не им обрнуваме внимание (иако треба) Вистинските дами на важните настани носат хулахопки, дури и кога надвор е премно...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
12 работи што општеството не ги прифаќа, иако се здрави и нормални, низ илустрации Грижата за децата не е само женска работа, па затоа не е срамота и татковците са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg