7 сигнали на интуицијата кои никогаш не смее да ги игнорирате

Не постои човек што нема внатрешен глас во себеси. Кај некои е поизразен, додека кај другите - помалку. Едни секогаш го слушаат, а има и такви кои воопшто не му обрнуваат внимание.

7-signali-na-intuicijata-koi-nikogash-ne-smee-da-gi-ignorirate-1.png

Меѓутоа, интуицијата неретко крие важни пораки. Таа дејствува како моќно орудие за донесување на правилните одлуки и одржување на вистинскиот колосек во животот.

Се јавува спонтано. Некогаш делува крајно конфузно и збунувачки. Во одредени ситуации, пак, сѐ е јасно како бел ден. Сигналите може да бидат знаци, слики, чувства, физички сензации, спонтани мисли, а понекогаш дури и надворешни појави.

7-signali-na-intuicijata-koi-nikogash-ne-smee-da-gi-ignorirate-2.jpg

Независно од манифестацијата, пожелно е да му верувате на сопствениот инстинкт.

Ова се седумте сигнали на интуицијата кои никогаш не смее да ги игнорирате:

1. Кога нешто одвнатре ви вели: „Јас не треба да го правам ова.“

Доколку вашата интуиција ви порачува дека одредена работа не би требало да ја направите, тогаш веројатно е добро да ја послушате, па да не го сторите тоа.

Постои причина поради која внатрешниот глас ви праќа таква порака. Не бидете личност која лекциите ќе ги учи на потешкиот начин.

7-signali-na-intuicijata-koi-nikogash-ne-smee-da-gi-ignorirate-3.png

2. Кога без повод имате „пеперутки“ во стомакот.

Во одредени ситуации, интуицијата се јавува и како физичка реакција на ситуацијата. А, од сите делови на телото, абдоменот е можеби нејзин најдобар гласник. Тој прв реагира, вообичаено кога нешто лошо се одвива, или, пак, допрва ќе се случи.

Па, ако неочекувано имате „необјасниво чувство” или „некакво претчувство“ во пределот на стомакот, осигурете се себеси од потенцијалните неволји.

7-signali-na-intuicijata-koi-nikogash-ne-smee-da-gi-ignorirate-4.jpg

3. Кога случајно ви се слошува или се губите.

Болестите може да се манифестираат од мноштво различни причини. Честопати, пак, интиуцијата работи на тоа да ве заштити.

Кога нешто не е добро за вас, потребно е да воведете промени во сопствениот живот. Колку побрзо - толку подобро.

7-signali-na-intuicijata-koi-nikogash-ne-smee-da-gi-ignorirate-5.jpg

4. Кога ви се појавува одлуката што треба да ја донесете.

На многумина им е позната појавата на „моментално просветлување”, коешто во дадениот миг се обидува да им најави дека одлуката што сакаат да ја донесат е правилната.

Ако сте во конфликт во себеси, ве мачат сомнежи, или, пак, се двоумите, неретко интуицијата ќе ви помогне околу решението. Тоа е едно од најмоќните нешта кои може да се случат.

7-signali-na-intuicijata-koi-nikogash-ne-smee-da-gi-ignorirate-7.jpg

5. Кога се чувствувате принудени да направите нешто.

Ова се случува кога имате силна желба да сторите нешто посебно. Од нигде - никаде.

На пример, кога ќе ви се вкрстат патиштата со човек на кого му е потребна вашата помош, па чувствувате дека сте „обврзани“ да преземете нешто конкретно за таа личност. Интуицијата ќе ве поттикнува да бидете сѐ подобри и подобри.

7-signali-na-intuicijata-koi-nikogash-ne-smee-da-gi-ignorirate-8.jpeg

6. Кога мислите постојано ви одат во ист правец.

Не е случајно што со умот константно се движите во една специфична насока. Како магнет да ви ги привлекува мислите. Не плашете се. Тоа не значи ништо лошо.

Внатрешниот глас не секогаш мора да биде драматичен, како вам би ви бил од корист, или, пак, за да ја потврди својата вредност. Понекогаш, интуицијата е исклучиво позитивна, па ќе ве одведе само до убави нешта, за што сведочат и многу неверојатни приказни од животот, кога таа се покажала како „ѕвезда водилка“. 

7-signali-na-intuicijata-koi-nikogash-ne-smee-da-gi-ignorirate-6.jpg

7. Кога имате чувство кое никако да го снема.

Ако се чувствувате „чудно“ на некое место, или, пак, во присуство на одредено лице, вашата интуиција ќе се погрижи чувството да не си замине толку лесно. Ќе ве натера да се запрашате зошто тоа е така. Па, ќе дојдете до коренот, дури и да не сакате.

7-signali-na-intuicijata-koi-nikogash-ne-smee-da-gi-ignorirate-9.jpg

Сега кога ги знаете, сè што ви преостанува е да ги препознаете и сослушате своите интуитивни сигнали, но и да имате верба во нив. 

 М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
10 ситуации кога луѓето се соочиле со безобразни личности (кои немаат грам срам) Ве иритира ли кога ќе позајмите нешто и ќе ви го вратат оштетено? Или кога еден ...
15 фото-докази дека сè уште постои добрина во светот Во време кога почнуваме да ја губиме вербата во луѓето, се дистанцираме и станув...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg