Совети кои ќе ви помогнат да не им се вратите на лошите навики

Многу често зборуваме за штетниот ефект на одредени навики, но сепак и покрај тоа тешко е да се откажеме од некои од нив.

trikovi-so-koi-nikogash-nema-da-se-vratite-na-loshite-naviki-01.jpg

Токму затоа, во продолжение може да најдете неколку корисни совети кои ќе ви помогнат да се ослободите од сите навики кои ви го уништуваат животот.

Неколку трикови како никогаш повеќе да не им се вратите на старите лоши навики:

Прво поставете си конкретна цел

Целта треба да биде прецизна и да се однесува конкретно на поентата. Па така, наместо да посакате „Сакам да водам здрав живот“, вие детално објаснете што значи за вас здрав живот, што може да направите и кога.

Чекори:

  • Напишете колку време ќе го правите тоа
  • Одлучете како ќе го правите и кои методи ќе ги примените
  • Поделете ја целта во фази (на пример, денес пушите по 1 цигара на ден, следната недела избегнувате места каде што се пуши итн.)

Анализирајте и дознајте што е тоа што ве провоцира

Размислете во која ситуација најмногу ја применувате таа навика и обидете се да ги избегнувате тие ситуации.

На пример, ако сте одлучиле да престанете да пиете, избегнувајте луди забави и почнете да излегувате на покултурни места каде нема да имате потреба од алкохол.

Или ако решите да водите здрава диета, избегнувајте да одите во сендвичари и места каде има нездрава храна.

Доведете го ризикот од неуспех на минимум независно за што се работи.

trikovi-so-koi-nikogash-nema-da-se-vratite-na-loshite-naviki-02.jpg

Бидете трпеливи и опколете се со такви луѓе

Многу е тешко кога се прави некаква промена во животот, посебно кога се обидувате да отстраните нешто што било дел од вашето секојдневие.

Токму затоа, ви се потребни луѓе кои ќе веруваат во вас и ќе ве полнат со мотивација и оптимизам.

Не им обрнувајте внимание на оние кои се сомневаат во вас и не паѓајте во искушение заради нив.

На социјалните мрежи можете да најдете групи каде луѓето се подготвени да се поддржат еден со друг и да споделат совет и лично искуство, иако не се познаваат меѓусебно.

trikovi-so-koi-nikogash-nema-da-se-vratite-na-loshite-naviki-03.jpg

Не се плашете да побарате помош

Ако сметате дека борбата против лошите навики станува потешка и тоа уште повеќе ви штети на животот и секојдневието, време е да побарате помош од професионалци.

Ако имате проблеми со исхраната, побарајте нутриционист, ако се работи за цигари или алкохол, треба да побарате посериозна помош од стручно лице.

Ослободете се од предрасудите, одлучете кој е вистинскиот човек да ви помогне и средете си го животот што побрзо.

Нема компромиси и оправдувања

Не се обидувајте да си почестите со неколку дима цигара, само затоа што 3 недели не сте запалиле ниту еднаш.

При откажувањето од овие навики, не постојат компромиси, ниту оправдувања. Бидете упорни до крај и целосно откажете се од нив, независно за каква навика се работи.

trikovi-so-koi-nikogash-nema-da-se-vratite-na-loshite-naviki-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg