Работи од младоста за кои ќе жалите на стари години
Медицинска сестра од Австралија, работела со луѓе на кои умираат неколку години и била покрај нив во нивните последни месеци од животот.
Во разговор со нејзините пациенти, научила кои се работите за кои најмногу се каат и жалат во животот.
Според тоа, таа заклучила дека во главно, тие жалат за тоа колку многу време им поминало во работа, а малку во зближување со саканите.
Многумина се обвинувале себеси и за тоа што недоволно искажувале чувства, па според тоа ви претставуваме листа на работи за кои би можеле да жалите кога ќе остарете.
Одвојте неколку минути и прочитајте кои се тие со цел да не погрешите во младите години и да се каете во иднина:
- За тоа што сте потрошиле многу време и енергија на недостатоци во изгледот
- За тоа што не сте научиле еден или повеќе странски јазици
- За тоа што не сте ги слушале советите на родителите кои од искуство зборуваат
- За тоа што не сте се грижеле доволно за кожата и пребрзо остарела
- За тоа што сте пропуштиле шанса да направите некои работи кога им било време
- За тоа што не сте се грижеле доволно за здравјето
- За тоа што не сте се дружеле доволно и не сте стекнувале нови контакти
- За тоа што сте се откажале од нешто што сте сакале и можеле да го направите
- За тоа што не сте специјализирале нешто и што не сте достигнале повисоко ниво
- За тоа што премногу сте се грижеле за туѓото мислење
- За тоа што сте потрошиле премногу пари на непотребни работи
- За тоа што не сте им простиле на блиските кога сте имале можност
- За тоа што не сте се грижеле за забите
- За тоа што не сте уживале доволно во моментите
- За тоа што премногу време сте потрошиле размислувајќи на иднината
- За тоа што сте пропуштиле можности бидејќи сте се срамеле да се појавите во јавност
- За тоа што не сте оделе на официјални настани
- За тоа што не сте се смееле доволно и сте поминале голем дел од животот намуртени
- За тоа што сте се плашеле да ги искажете чувствата
М. М. | Црнобело