Зошто ја носи преку прагот?

zosto-ja-nosi-preku-pragot-povekjeСекој кој преседел низ цела свадбена церемонија присуствувал на најразлични адети кои во секоја смисла го одбележуваат судбоносното...

 

...спојување на партнерите. Најголем дел од овие адети влечат корени од дамнешно време.

zosto-ja-nosi-preku-pragot

Кога станува збор за бурмата, античките грци и романи сметале дека прстот на кој се носи е директно поврзан со срцето преку нерв.

Затоа, останало во традиција бурмата да се носи на тој прст како симбол дека срцата на младите им припаѓаат еден на друг.

Традицијата младоженецот да избере кум којшто ќе му помогне со свадбените должности потекнува од германските племиња.

Всушност, кумот требал да служи како заштитник на младоженецот од лутите роднини на невестата.

Постои и друга традиција којашто може да се сретне кај повеќе култури, со различно објаснување на нејзините корени, а тоа е пренесување на невестата преку прагот во раце.

Како што знаеме, свадбите некогаш во минатото подразбирале и киднапирање на невестата.

Ова не само што ја објаснува улогата на младоженецот, туку и обичајот новиот брачен пар да ја напушти свадбата пред сите останати гости, па и самото пренесување на невестата преку прагот во рацете на младоженецот.

Како една од причините зошто младоженецот треба да ја пренесе невестата преку прагот е да ги избрка лошите духови и несреќата.

Суеверните европјани од западот верувале дека невестата која ќе се сопне на прагот ќе донесе несреќа во новиот дом и во бракот.

Па, бидејќи мажите се отпорни на ова, се покажало како добра практика тие да си ги пренесат своите нови сопруги.

Уште едно објаснување кое е интересно е дека жените се подложни на наметнување на духови особено преку нивните стапала.

Добро е што во денешно време сите овие причини се заборавени и пренесувањето на невестата преку прагот е една исклучително романтична завршница на свадбата.

Би можело да ве интересира:

Брат му на Доналд Трамп и уште 4 богати наследници кои завршија неславно и трагично Брат му на Доналд Трамп, син му на Џон Ф. Кенеди, но и синот на основачот на хот...
10 ситуации кога луѓето се соочиле со безобразни личности (кои немаат грам срам) Ве иритира ли кога ќе позајмите нешто и ќе ви го вратат оштетено? Или кога еден ...
Забавни фотки што ќе ви го покажат светот од нова перспектива Имате ли претстава колку големи биле пропелерите на Титаник? А, знаете ли како и...
Разделбата на Чарлс и Дијана, пожар во замокот: Зошто 1992-ра била најлоша година за кралицата Елиза... Јавноста дозна за една од аферите на принцезата Дијана, кралицата мораше да одоб...
7 работи што психијатрите сакаат да ги знаете пред да побарате стручна помош Одењето на психијатар не ве прави слаба личност и нормално е да се двоумите пред...
Строги правила што треба да ги следат гостите на Мет гала Телефоните се строго забранети, а гостите не смеат да ја одбијат поканата – во с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg