Пет најчести соништа
Велат дека, ако сакате да се присетите на соништата кои сте ги сонувале ноќта, треба неколку минути да останете во иста положба во вашиот кревет.
А, доколку сакате самите подобро да се запознаете треба да го запишувате она што го сонувате.
Ова се пет соништа кои најчесто се поврзани со здравјето на луѓето:
1. Куќа. Куќата по правило го претставува вашето здравје. Ако куќата која ја сонувате е во пожар или пак во рушевини тоа е сигнал дека нешто не функционира како што треба. Куќа исто така симболизира и психолошко здравје и свест.
2. Автомобил. Автомобилот ја претставува вашата способност за напредување во кариерата.
Најобичниот сон поврзан со автомобил е дека некаде ќе треба да тргнете на пат и дека вашиот автомобил ќе се расипе.
Исто така тоа е сигнал дека сте многу преоптеретени со одредена работа и дека треба да го намалите стресот кој го доживувате, а работите да ги завршувате една по една.
Расипувањето на моторот сигнализира дека ви е потребНа пауза.
3. Давење. Давењето сигнализира дека одговорностите ги надминале вашите способности, односно се чуствувате како обврските да ве исцрпуваат.
Водата ги претставува вашите емоции, па зависно од тоа дали се давите во матна или чиста вода, мирна или брановидна - таква е и вашата состојба.
4. Крварење. Не е важно дали ќе ја видите вашата или крвта на некој друг, тоа ја претставува физичката енергија.
Најчесто сигнализира дека преземате премногу одговорност. Може таа одоговорност да биде поврзана со вашата работа или пак со нешто друго.
Во секој случај губењето на крв во сон значи дека треба малку да се оморите и да соберете сила за идните планови.
5. Паѓање. Паѓањето најчесто симболизира депресивна состојба. Без разлика дали паѓате од зграда или од нешто друго, тоа претставува знак дека во вашиот живот нешто тргнало по надолна линија.
Ако се уште не сте паднале во депресија, пробајате многу побрзо и порано да се извлечето од таа состојба. Депресијата често може да значи и материјална загуба.