Ставете мокар конец на челото и уште 5 најчудни „бабини“ лекови против икање во светот
Икањето воопшто не е забавно и токму поради тоа народот пронашол многу чудни начини како да се излечиме од него, а „бабините“ лекови против овој проблем се разликуваат во земјите од светот.
Во Јапонија, се верува дека ако икате повеќе од 100 пати тогаш ќе умрете.
Сигурно веќе од повозрасните сте слушнале за неколку тактики, а можеби и сте ги пробале - една лажица полна шеќер, да дозволите на вашите пријатели да ве исплашат и слично.
Во продолжение погледнете неколку лекови за здодевното икање кои се карактеристични во различни земји низ светот:
Икањето е знак дека некому му недостасувате
Едно од најчестите суеверија е дека здодевното икање е знак дека сте доста популарни.
За да се излечат од икање, Русите ги набројуваат луѓето кои ги знаат.
Кога икањето ќе престане после некое име тоа значи дека токму на таа личност и недостасувате.
Слични верувања има и во повеќе места во Европа и Азија, додека пак во Унгарија. Во античка Грција, икаањето значело дека луѓето се жалат од вас.
Пејте религиозна песна
Стар англиски збор за икање е ælfsogoða, или во превод буквално икање на елф.
Долго време се верувало дека икањето го предизвикуваат елфовите, но, во дамншените времиња елфовите не биле како што ги замислувате денес.
Тие биле демони, што значело дека ако икате тогаш ви треба егзорцизам.
Во 10-иот век во Англија егзорцизот на икањето подразбирал припрема на тревки, цртање крстови и пеење религиозни песни на латински.
Ставете мокар конец на челото
Филипинците го лекуваат икањето со тоа што искинуваат мало парче тоалетна хартија, го потопуваат во вода и го ставаат директно на челото.
Ако немате тоалетна хартија тогаш мора да намокрите конец со плунка.
Во Јужна Америка неможе да се користи било каков конец, туку мора конецот да биде црвен.
Замислите си зелена крава како пасе во сино поле
Во Ирска лекот за икањето е да си визуелизирате како зелена крава пасе во сино поле.
Овој начин е користен и во медицината но се објаснува на сосема друг начин.
Тоа значи самите да се смирите и да се деконцентрирате со тоа што ќе го смирите дишењето и мускулните контракции.
Држете се за некој дел од вашето лице
Во 16 век во Шкотска, на луѓето кои икале им било кажано да ја држат нивната брада со нивната десна рака и да пејат молитва.
Ставете нож во стаклена чаша со вода
Бабите од Норвешка советуваат: Напијте се точно три голтки вода од чаша во која стои остар нож. Во исто време немојте да дишете.
Во Финска пак лекот е малку олеснет со тоа што наместо нож користат лажица и ставаат малку шеќер во водата.
А. В. | Црнобело