Грешки кои ви ја „убиваат“ харизмата

Велат дека луѓето се раѓаат со или без харизма. Меѓутоа, како и се во животот, така и таа се вежба и учи.

10-greski-koi-vi-ja-ubivaat-harizmata-001.jpg

За да им бидете посимпатични на луѓето и да имате потопли меѓучовечки односи, ви препорачуваме листа што да избегнувате.

Грешки со кои сами си ја „убивате“ харизмата:

1. Не ви е грижа за ништо

Ретко кој сака да биде близок со човек кој не се грижи за апсолутно ништо.

10-greski-koi-vi-ja-ubivaat-harizmata-01.jpg

2. Не ги почитувате луѓето во чие друштво сте во моментот

Позната ситуација: одите на забава со пријатели, таму запознавате интересни ликови и автоматски пријателите ви стануваат никакви и здодевни.

Не ја правете оваа грешка. Запознајте ги пријателите со новите познаници и оставете разговорите да течат спонтано.

10-greski-koi-vi-ja-ubivaat-harizmata-02.jpg

3. Лесно заборавате имиња

Ова е неиздржан изговор кој ве прави арогантни и надмени без причина. Затоа при следното запознавање, штом некој се поздрави со вас, повторете му го името. На пример: „Здраво, јас сум Александар“ – „Здраво Александар.“

10-greski-koi-vi-ja-ubivaat-harizmata-03.jpg

4. Зборувате за работи за кои другите не се заинтересирани

Не зборувајте за вашиот тренинг или за вашиот начин на исхрана со луѓе кои не се заинтересирани за спорт и нутриционизам. Поставувајте повеќе прашања за да откриете какви теми ги интересираат, па потоа започнете разговор.

10-greski-koi-vi-ja-ubivaat-harizmata-04.jpg

5. Зборувате само за себе

На овој начин многу брзо луѓето ќе ви ги препишат карактеристиките на себичен и здодевен човек. А, тие секако ја побиваат харизмата.

10-greski-koi-vi-ja-ubivaat-harizmata-05.jpg

6. Озборување на заеднички познаници

Со тоа потајно ги терате луѓето да се прашуваат: Ако денес ја озборува неа, тогаш утре зошто не би ме озборувала и мене?

10-greski-koi-vi-ja-ubivaat-harizmata-06.jpg

7. Зборувате премногу тивко или гласно, брзо или бавно

Мора да ја најдете златната средина ако сакате да го привлечете вниманието. И заборавете на хмммм, амммм, како бешеее...

10-greski-koi-vi-ja-ubivaat-harizmata-07.jpg

8. Одговарање со еден збор

Одговорите кои содржат еден до два збора и не се врзуваат со некое прашање упатено до другата страна, автоматски ве прават непријателски расположени.

10-greski-koi-vi-ja-ubivaat-harizmata-08.jpg

9. Жалење

Жалбите и поплаките ги одбиваат луѓето. Не зборувајте само за вашите проблеми. Бидете искрени, меѓутоа не набивајте негативност.

10-greski-koi-vi-ja-ubivaat-harizmata-09.jpg

10. Ги лажирате навиките

Тешко е да се справите со човек кој има две лица. Со тоа што создавате лажна слика за себе никогаш нема да создадете почит кај другите.

10-greski-koi-vi-ja-ubivaat-harizmata-10.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
5 знаци дека самите сте виновни што сте несреќни во животот Дали ја запоставувате грижата за себе? А, дали имате навика опсесивно да „скрола...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...
Грешки поради кои другите не ве почитуваат и не ве ценат доволно Извинувајте се по потреба, кога ќе сфатите дека сте направиле нешто на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg