Девојка за пример: Преубавата Ани Дивиа е најмладата жена-пилот во светот
Ани Дивиа е девојка од Индија на која ѝ се остварил детскиот сон да стане пилот.
Таа со своите 30 години е најмладата жена-пилот која управува со најголемиот двомоторен авион на светот, Боинг 777. Нејзината борба траела долго, но таа во ниту еден момент не се откажала од своите соништа.
„Моите родители секогаш ме поддржуваа, дури и кога многу луѓе ги советуваа да не ме пуштат на часови за летање. Имавме многу потешкотии, особено од финансиски аспект“ – изјави Ани која пред да стане пилот, се школувала во Делхи.
Во училиштето за пилоти се запишала кога имала само 17 години, обезбедила стипендија и обуката ја завршила на 19 години. Потоа се вработила во Air India, но продолжила да се обучува за управување на Боинг 777, авионот во кој отсекогаш сакала да биде пилот.
Додека работела, ги финансирала и нејзините брат и сестра и им купила куќа на родителите.
Денес, Ани е инспирација за многу жени во светот, а нејзината приказна е доказ дека никогаш не треба да се откажеме од она што го сакаме во животот.
М. В. | Црнобело