Финстаграм: Најлицемерниот тренд на социјалните мрежи
Социјалните мрежи одамна се претворија во платформи за самодокажување, каде навидум сите имаат совршен живот.
Многу млади луѓе поминуваат часови и часови уредувајќи ги своите фотографии, сè со цел пред своите пријатели и следбеници да се прикажат во најдоброто светло.
Но, се чини дека полека стануваат уморни од глумењето „совршенство“, бидејќи сè повеќе млади луѓе прибегнуваат кон еден нов тренд, таканаречен Финстаграм.
Финстаграм, или скратено Финста, претставува „лажен“ Инстаграм профил на кој се допуштени несовршеностите.
Најчесто се приватни и пристапот до нив им е дозволен само на најблиските пријатели.
На ваквите профили, сопствениците може да стават сè што ќе посакаат: фотографија без шминка, лошо направено селфи, бројни мемиња и мноштво други слични нешта, коишто не можат да ги споделат на својот „вистински“ профил, за да не си ја нарушат сликата која ја прикажуваат во јавноста.
Трендовите на социјалните мрежи стануваат сè побизарни, но овој отскокнува поради иронијата.
На вистинските профили, достапни се сликите од лажната реалност, додека, пак, на корисниците им е потребен лажен профил, како навистина би можеле да се изразат себеси.
Дел од сопствениците на Финстаграм, сепак тврдат дека не постои значајна разлика помеѓу вистинскиот и лажниот профил, но дека на Финстаграм имаат поличен пристап и чувствуваат помалку оптоварувања, пренесува Daily Dot.
Би направиле ли вие свој Финстаграм?
М. А. | Црнобело