Кој ми го гледа профилот и дали некој ме блокирал? Што најчесто пребаруваат девојките на интернет?
Во некои ситуации, интернет-пребарувачот е единствен спас кој може да помогне. Познато е дека девојките „гуглаат“ сé и сешто...
Познато е дека девојките „гуглаат“ сé и сешто, од ситни проблеми со здравјето, па сé до совети како да го вратат бившиот.
Еве ја листата на најпребарувани фрази на Интернет кои ги интересираат девојките низ светот:
„Први знаци на бременост“
Ова е нешто што иако сите девојки го знаат, го пребаруваат почесто отколку што сакаат да си признаат.
„Дали треба да одам на лекар ако...“
Сите пребаруваме симптоми за најмалите промени на кожата, косата, лицето и слично. А, потоа се каееме за тоа.
„Дали можам да забременам ако...“
Вакви теми треба да се знаат, но сепак, што е сигурно, сигурно е.
„Поголеми гради без операција“
Ова го пребаруваат девојките кои се чувствуваат несигурно поради своите мали гради, но не сакаат или немаат храброст за операција.
„Тренинг од Victoria’s Secret“
Сите девојки се надеваат дека ако вежбаат вежби кои наводно им се омилени на моделите на Victoria’s Secret, и тие ќе станат такви.
„Кој ми го гледа профилот на Фејсбук“?
Ах, таа љубопитност да се знае кој тајно ви ги гледа фејсбук-профилите.
„Како да знам дали некој ме блокирал на WhatsApp“?
Не постои начин да се дознае ова.
„Фризура набрзина“
Кога сте во брзање, ова може навистина да ве спаси. Изборот е огромен: видеа, туторијали, фотки.
„Колку долго се вари јајце“?
Па добро, има многу варијанти на варени јајца, не мора да постои една правилна. Подобро е да се праша, отколку да се згреши.
М. В. | Црнобело