11 неочекувани знаци дека имате уникатно тело
Способност да мрдате само со едната веѓа
Оваа способност зависи од тоа колку ви е развиена контролата на мускулите на лицето. Интересно е дека оваа способност најчесто се забележува уште од раѓање, заедно со способноста да се мрдаат ушите.
Научниците веруваат дека секој човек може посебно да ги мрда веѓите слично како мајмуните кога ќе забележат опасност.
Дупчиња во образите
Дупчињата во образите се појавуваат кај околу 25% од луѓето и се сметаат за дефект во зигоматскиот мускул, кој што е одговорен за насмевката.
Кај луѓето кои имаат дупчиња на образите мал дел од мусклулното ткиво зараснува со образот и така кога ќе се насмеат овој дел од образот останува вовлечен навнатре. Овие дупчиња се особено забележливи кај луѓето со буцкасти образи.
Дупче над ушите
Околу 5% од светската популација се раѓа со дупче над ушите. Интересно е дека во Америка овој тип на луѓе се помалку од 1%, но затоа во Азија оваа дијагноза ја имаат околу 10% од новороденчињата.
Научниците досега немаат одговор зошто се појавува ова дупче, но дел од нив веруваат дека тоа е еволутивна рудиментација од шкргите на рибите.
Автостоперски палец
Автостоперскиот палец е т.н. феномен и се манифестира со тоа што горниот дел од палецот може да се свитка под агол од 90 степени во обратна насока од нормалното виткање. Ова е благодарение на специјален ген којшто се вика ген на мобилност на палецот и се пренесува наследно кај околу 25% од луѓето.
Тетива која недостасува
Соберете ги сите прсти од едната рака во купче и напнете го зглобот навнатре. Ако не се појави тетивата од внатрешната страна на раката, тоа значи дека сте во оние 14% од луѓето коишто немаат долг палмарен мускул.
Ваквата појава се должи на тоа што ова е, исто така, рудиментарен дел од телото и со еволуцијата исчезнал како непотребен. Експертите дебатираат за тоа дека недостатокот на оваа тетива не влијае на силата на стиснување на дланката или на останатите функции на раката.
Дарвинова џумка
Испапчувањето на надворешната страна од внатрешниот круг на ушната школка се нарекува Дарвинова испакнатина. Имено, Чарлс Дарвин тврдел дека ова е доказ дека порано ушите на луѓето биле шилести.
Се верува дека луѓето со вакво испапчување, коишто се не повеќе од 10%, можат да препознаат звуци со висока фреквенција и подобро го слушаат звукот на соговорникот, дури и во средини со голема бука.
(О)Милена | Црнобело