11 неочекувани знаци дека имате уникатно тело

Секој човек има свои карактеристични особини со кои се одликува и исклучителна реткост е истите да ги пронајдете и кај друг човек. Но, исто така, нашето тело може да има и необични карактеристики кои може да се сретнат и кај некој друг човек на планетата.

11-neocekuvani-znaci-deka-imate-unikatno-telo-01.jpg

Можете ли да мрдате со ушите или без проблем да ја кренете веѓата? Сте слушнале ли за поимот „Дарвинова џумка“?

Прочитајте ги следните 11 знаци кои укажуваат на тоа дека имате необично, уникатно тело:

Флексибилен јазик

За да можете да изведете вакви трикови, треба да ја имате потребната должина на јазикот, како и потребната развиеност на неговите поединечни мускули. Покрај генетски, овие карактеристики на јазикот може да се добијат и од влијанието на околината.

Така, на пример, Индијанците имаат особено флексибилни јазици. Научниците веруваат дека ова е така согласно влијанието на карактеристичниот говор на нивниот мајчин јазик.

Флексибилноста на јазикот може да биде различна, а има дури и истражување на оваа тема. Така, 63% од испитаниците можеле да го свиткаат јазикот во ролна, да го превиткаат на половина можеле 14%, а да направат три фалти можеле само 1% од луѓето.

11-neocekuvani-znaci-deka-imate-unikatno-telo-02.jpg

Уши кои може да мрдаат

Денес околу 22% од луѓето можат да мрдаат со едно уво, а не повеќе од 18% можат со двете уши. Но, ова не било така отсекогаш, бидејќи нашите предци биле виртуози на своето тело.  

Ова е така затоа што порано постоел мускул задолжен за мрдање на ушите, но со тек на времето тој мускул атрофирал бидејќи бил непотребен.

11-neocekuvani-znaci-deka-imate-unikatno-telo-03.jpg

Способност да ги мрдате вашите мали прсти на нозете поединечно

Без разлика колку и да пробувате, не можете да ги мрдате прстите на нозете секој поединечно. Тоа е затоа што само палецот на ногата и малиот прст на ногата имаат свои поединечни мускули, а останатите прсти се поврзани.

Скоро секој од нас може да го помрдне само палецот на ногата без проблем, но само мал дел од луѓето можат истото да го направат и со малиот прст на ногата.

Патем, луѓето коишто знаат како да го мрдаат само малиот прст на ногата обрнуваат особена важност на личната слобода, па затоа научниците не препорачуваат да се склучува брак со нив.

11-neocekuvani-znaci-deka-imate-unikatno-telo-04.jpg

Можете ли да си го допрете лактот со јазикот?

Се верува дека ова го можат не повеќе од 1% од луѓето на планетата. За да може да го изведете ова треба да имате пократка надлактица и долг јазик. Но, дури и ако го поседувате ова, повторно ќе мора убаво да се истегнете и многу да се потрудите за да успеете.

11-neocekuvani-znaci-deka-imate-unikatno-telo-05.jpg

Диастема (разделени предни заби)

Диастемата или процепот помеѓу предните заби се појавува кај околу 20% од популацијата и многу забари го гледаат како аномалија на којашто треба да се интервенира. Сепак, дел од луѓето го сметаат ова за своја карактеристика, па дури и некои познати личности се гордеат со оваа своја особина.

11-neocekuvani-znaci-deka-imate-unikatno-telo-06.jpg

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg