Како парите всушност може да купат среќа?

„Велат дека парите не носат среќа, но секој сепак сака да си го докаже на себеси спротивното“.

kako parite vsushnost moze da kupat srekja 01

Одамна е кажано дека парите не можат да купат среќа, но според научниците, зависи на што ќе ги потрошите.

Истражување покажа дека трошењето пари за да си „купите“ повеќе слободно време, како што е плаќање на жена да ви чисти и готви во домот и да ве ослободи од дневните обврски, всушност ќе ја подобри вашата емотивна состојба.

Од друга страна, трошењето пари на предмети, не менува многу за зголемување на среќата.

kako parite vsushnost moze da kupat srekja 02

„Луѓето кои ангажираат куќна помошничка или плаќаат некој да им го уреди дворот, често се карактеризирани како мрзеливи, но резултатите покажуваат дека купувањето време има слични ефекти на среќата, како што имаат повеќе пари“, тврди професорката на Харвард, Ешли Вилланс.

Во истражувањето учествувале повеќе од 6.000 возрасни лица од Америка, Данска, Канада и Холандија, а испитаниците биле запрашани дали и колку пари трошат секој месец за да си обезбедат себеси повеќе слободно време.

Тие што трошеле повеќе пари за оваа цел покажале многу поголемо задоволство од животот.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Фотки што ќе ве разнежат – Луѓе кои имаат прекрасни соседи „Соседот ми го побара резервниот клуч – ми рече за да го изнесел кучето додека с...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg