Работи што треба да ги направите со пријателите летото пред да тргнете на факултет

 Ако оваа есен планирате да се запишете на факултет, летото е идеално време да направите некои интересни работи заедно со вашите пријатели.

raboti-shto-treba-da-gi-napravite-so-prijatelite-letoto-pred-da-trgnete-na-fakultet-01.jpg

Откако ќе тргнете на факултет, нема да имате толку време да се гледате како претходно, па овој период поминете колку што е можно повеќе време заедно. Можеби ве чекаат студии во друг град или држава, па затоа е добро квалитетно да го поминете времето со најблиските пријатели.

Еве што можете да правите:

Организирајте забава со преспивање

Вратете се во детските денови и договорете забава кај некого дома. Направете си летни коктели и секој нека донесе нешто за јадење. Забавувајте се и останете до сабајле. Овие спомени ќе ги имате цел живот.

Посетете ги омилените места во градот

Ако некој од вашето друштво планира да студира во друг град, сигурно ќе му недостига родното место. Посетете ги сите омилени местенца за кафе, пијачка или ручек или пак парковите или дискотеките каде излегувате.

raboti-shto-treba-da-gi-napravite-so-prijatelite-letoto-pred-da-trgnete-na-fakultet-02.jpg

Направете фотосесија за Инстаграм

Соберете се, дотерајте се и направете супер фотки од цело друштво кои ќе ги споделите на Инстаграм. Секогаш кога ќе ги гледате фотографиите, ќе се сеќавате на овие забавни моменти кои сте ги поминале заедно.

Одете на патување

На кратка или долга релација - патувањето на последното слободно лето со пријателите ќе го памтите цел живот. Организирајте патување низ земјата со автомобил, или пак посетете некое интересно место каде што има плажа и вода.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
10 одвратни работи кои (речиси) сите луѓе ги прават На огледало во тоалетот одблиску си ги гледаат акните, црнките, брчките, ги стис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg