6 трикови кои мрзливите посебно ќе ги ценат

Оставете ги енергетичните работохолици на страна, денес се фокусираме на оние кои не сакаат да мрднат ни со малото прсте, ако нема потреба.

6-trikovi-koi-posebno-ke-gi-cenat-mrzlivite-01.jpg

Мрзеливоста не е некоја добра особина, но од време на време, сосема е дозволена.

А, овие 6 трикови посебно ќе ги ценат луѓето кои моментално сакаат да заштедат време, нерви и енергија:

Ако ве мрзи да си ја испеглате облеката

Закачете ја на закачалка додека се туширате и ставете ја во бањата. Пареата ќе направи чудо.

6-trikovi-koi-posebno-ke-gi-cenat-mrzlivite-03.jpg

Ако ве мрзи да миете садови

Обложете ги чиниите со проѕирна фолија, направете кајгана во вакуум кеса или јадете во тортиља.

6-trikovi-koi-posebno-ke-gi-cenat-mrzlivite-04.jpg

Ако ве мрзи да ги наводнувате цвеќињата

Избушете едно капаче со игла и со него затворете полно шише со вода. Ставете го шишето подлабоко во саксијата, свртено со капачето надолу. Така земјата никогаш нема да биде сува.

6-trikovi-koi-posebno-ke-gi-cenat-mrzlivite-02.jpg

Ако не ви се чека кафето да се олади

Чајот или кафето многу побрзо се ладат ако во нив ставите 3-4 лажици. Или повеќе.

6-trikovi-koi-posebno-ke-gi-cenat-mrzlivite-05.jpg

Ако сте премногу мрзливи за да правите шопинг листа

Само сликнете го фрижидерот и разгледајте ја сликата – тоа ќе ви помогне да откриете што недостасува.

6-trikovi-koi-posebno-ke-gi-cenat-mrzlivite-06.jpg

Ако ве мрзи да пребришувате прашина

Кога еднаш ќе решите да избришете прашина, потопете ја крпата во вода со омекнувач. Прашината ќе се собира двапати поспоро на површината која сте ја пребришале со растворот.

6-trikovi-koi-posebno-ke-gi-cenat-mrzlivite-07.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg