Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Работи кои човекот ги учи кога нема на кој да се потпре

Многу работи во животот ги учите од пријателите, семејството, партнерот... Но, кога ќе дојде моментот кога не можете на никој друг да се потпрете, освен на самите себе, верувајте дека тогаш ќе ги извлечете најважните и најкорисни животни лекции.

raboti-koi-covekot-gi-uci-koga-nema-na-koj-da-se-potpre-001.jpg

Како на пример, кога ќе останеш сам/а учиш дека...

1. Понекогаш можеш да им објаснуваш на луѓето што ти се случило, но тие тешко дека ќе сфатат. Сè додека не им се случи истото на нив.

2. Почнуваш да сфаќаш како само ти сам/а на себе можеш да си помогнеш.

3. Сфаќаш на кого му е вистински важно што ти се случува, а кој само глуми.

4. Некои луѓе ги минимизираат и игнорираат твоите проблеми бидејќи сметаат дека „не се опасни по живот“ и тие немаат време за да ве слушаат.

5. Некои од твоите најдобри пријатели всушност воопшто не те познаваат.

6. Постојат луѓе кои попрво би сакале да си тажен/на, отколку среќен/на.

7. Почнуваш да барата одговори наместо одобрувања и совети. Тоа значи дека се потпираш на сопствената проценка.

8. Можеш да бидеш сам/а одговорна за својот живот. И никој друг не е виновен за губењето на твоите битки. Ниту пак е заслужен за твоите победи.

9. На тежок начин учиш да се носиш со самотијата. Ги гушкаш своите мисли, своите стравови и својата збунетост. Но, на крајот се издигнуваш над нив.

10. Ова е тешка лекција, но и најважна. Можеш да преживееш и сам/а, само ако не дозволиш одредени луѓе да те повлечат кон дното.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg