Најоткачените адреналински атракции низ светот
Подгответе се за адреналинско возбудување само од неколку фотки.
Постојат зависници од адреналин кои би го пропатувале половина свет само за да искусат вакво уживање, што за други е тренирање на нервите и издржливоста.
Без оглед на тоа дали сте доволно храбри да ги посетите во живо или не, вреди да ги погледнете најоткачените адреналински атракции кои постојат низ светот:
Рингишпил „лудило“ во САД
Со отворени кабини кои ротираат со брзина од 60 километри на час, додека патниците се свртени со лицата накај земјата, дефинитивно ова е најстрашниот рингишпил.
Возење на кров од 350 метри, САД
Поставена е писта од само 8 метри на која има количка со 8 седишта. Количката се забрзува и нагло запира на крајот од пистата. Потоа се враќа.
Атракцијата која го држи рекордот за највисоко поставена – Big Shot, САД
Платформата ви го крева адреналинот преку слободен пад, додека се наоѓате на седиште околу железната конструкција.
Бел циклон, Јапонија
Еден од најдолгите ролеркостери и дефинитивно најбрзите, со забрзување од 100 километри на час.
Лулашката над Големиот Кањон, САД
Поставена на 400 метри над реката Колорадо, лулашката може да собере 4 патници кои ќе се нишаат со брзина од 80 километри на час.
Одење на раб од зграда, Канада
Тие што мислат дека не се плашат од висина, очигледно никогаш не биле во Торонто и не оделе по работ од зграда, на 116-тиот кат.
Тобоганот Insano, Бразил
Брзина од која запира дишењето. Под речиси прав агол, овој тобоган се спушта за само 5 секунди.
Лизгалката преку која минувате низ базени со ајкули, ОАЕ
Најекстремната лизгалка дефинитивно е оваа. Долга 27 метри, речиси вертикална, за потоа да се претвори во транспарентен тунел среде базен полн со ајкули.
Спуштање по јаже, Дубаи
Јажињата се поставени меѓу два облакодери, а под вас остануваат фантастични пејзажи. Адреналинот задолжително е тука, бидејќи се движите со 80 километри на час.
М. Д. | Црнобело