Дали често доцните и како да го промените тоа?
Дали и вие без разлика колку и да планирате, секогаш одново и одново се фаќате себеси во брзање и на крајот задоцнувате? Многумина изгледа како да се навикнати да функционираат со доцнење, а за некои можеме дури и да кажеме дека се така „програмирани“.
Во поново време се направени многу истражувања во врска со овој феномен на хронично доцнење.
Според едно истражување, кое беше објавено минатата година, од страна на психолозите Емили Валдун и Марк Мекдениел, за доцнењето најчесто се виновни вештините за менаџирање со време како и фактот на кој начин го перципираме времето.
Многу често ваквите луѓе при мала деконцентрација губат ориентација за време. Исто така, една од најчестите грешки на оние кои доцнат, им е тоа што премногу го калкулираат времето и во најголем број од случаите тоа го прават погрешно.
Според Фројд, доцнењето се манифестира како последица на самоуништувачката тенденција. Психологот Адоре Дурајапах Харисон нуди пак, едно поедноставно објаснување.
Имено, тој нагласува дека за некои луѓе доцнењето е секогаш подобра опција од алтернативата. Поконкретно, таквите луѓе живеат со мотото: „Секогаш е подобро да се доцни, отколку да се чека“.
Доколку сте и вие дел од оние кои доцнат, размислете како подобро да се организирате, бидејќи навистина е важно да научиме како да го цениме туѓото време, односно на оние кои постојано нè чекаат.
С. У. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





