Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


40 мали работи кои без исклучок нѐ прават среќни

Среќата не мора да доаѓа од големи работи. Малите работи не се скапи, а некогаш воошто не се купуваат со пари. Многу полесно можеме да ги добиеме, но се многу значајни и задоволителни. 

40-mali-raboti-koi-ne-pravat-srekni-001.jpg

Ако им давате значење колку што заслужуваат, овие мали работи можат да ви го променат денот и расположението за кратко време:

1. Спокојното чувство кога си сам дома.

2. Спиење до доцна после напорен ден.

3. Кога ќе се вратиш дома после долг пат.

4. Мирисот после дождот.

5. Кога ја слушаш твојата омилена музика на најгласно.

6. Релаксирачка масажа на цело тело.

7. Прегратка од саканата личност.

8. Првата готлка од утринското кафе.

9. Кога ќе си дозволиш многу чоколадо.

10. Кога ќе се разбудиш до саканиот/та.

11. Кога гледаш убав филм додека надвор врне дожд.

12. Чиста соба.

13. Звукот на бранови од морето.

14. Кога некој ќе ти каже: „те сакам“.

15. Сладолед во топол и сончев ден.

16. Божиќно утро.

17. Кога после напорна работна недела, конечно ќе дојде петок.

18. Кога читаш убава книга.

19. Кога малите рачиња на бебе ќе те фатат за прст и не сакаат да те пуштат.

20. Ладно пиво после цел ден на сонце.

21. Чувството после интензивно вежбање.

22. Појадок во кревет.

23. Кога има добар стар филм на телевизија.

24. Прв бакнеж со некој кој одамна ти се допаѓа.

25. Мирисот на добар колач, тукушто изваден од фурна.

26. Кога ќе го видиш јадењето како ти го носат во ресторан.

27. Кога одиш на концерт на твојот омилен пејач/ка или бенд.

28. Чувство на исполнетост кога ќе завршиш некој тежок проект.

29. Првиот сончев пролетен ден.

30. Кога ќе најдеш пари во џеб што не си знаел дека ги имаш.

31. Кога ќе се разбудуш среде ноќ и ќе видиш дека има уште многу време до алармот.

32. Кога случајно ќе помирисаш некој стар познат парфем.

33. Кога ќе легнеш врз чисти и свежи чаршафи.

34. Кога се сеќавате на стари спомени со пријателите.

35. Кога ќе добиеш неочекуван комплимент.

36. Попладневна дремка кога се чувствуваш мрзливо да правиш било што друго.

37. Ноќно пливање со твоето друштво.

38. Кога ќе ја слушнеш твојата песна на радио во автомобил.

39. Кога играш друштвени игри со твоите пријатели.

40. Првиот залак од храната кога си многу гладен/а.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg