Како да се ослободите за 3 секунди, ако рацете ви се врзани со стеги?
Поранешниот агент на ЦИА, Џејсон Хансон видел многу во текот на неговата работа.
По напуштањето на ЦИА, тој објавува книга во која пишува за опасностите околу нас, претставува трикови за измами и нè учи како подготвени да ги дочекаме изненадувањата.
Ова се неколку техники како да ги ослободите заробените раце за неколку секунди:
Согледајте ги слабостите
Главна работа што треба да ја знаете за пластичните стеги (кои често се користат за врзување на рацете) е нивната слабост.
Нивната големина на јамката е фиксна, што значи дека не се намалува додека се обидувате да се ослободите. Само рацете треба да бидат споени и исправени.
Втората важна работа е нивната кревкост под тешки товари. Оттука, кога вашите раце се врзани потребно е само да обезбедите силно оптоварување.
Ајде да се обидеме!
За да се скине стегата треба да се направат следните три чекори:
Чекор 1: Заземете почетна позиција. Испружете ги рацете пред вас и држете ги лактите колку што е можно поцврсто. Така ќе се добие потребниот притисок.
Чекор 2: Поместување на заклучувањето. Мала брава ја држи стегата заклучена. Потребно е да се заврти така што заклучувањето ќе биде помеѓу двете раце, што е можно поблиску до средината.
Чекор 3: Кршење. Кренете ги рацете над главата, и со остро движење повлечете ги надолу на двете страни.
Стегата може да се извади од било каков објект. Не грижете се доколку не ви успее од прв обид. Најважно е да се обезбеди потребното оптоварување.
Според експертите и покрај сложеноста на процесот, дури и дете би можело да го совлада овој метод. Овој метод би можел да се искористи и доколку рацете се врзани со селотејп. Доколку рацете се врзани позади грбот, процесот е малку посложен, но сепак методот е успешен.
И секако, најдобро би било кога не би имале потреба од вакво нешто.
М. С. | Црнобело