18 работи кои се поубави во пролет
Конечно можеме да кажеме - пролет е! Сонцето и времето ни одат во прилог на расположението, па затоа тврдиме дека сè е поубаво во пролет.
Посебно овие 18 работи:
1. Одењето пешки не е мачно кога сонцето те следи во чекор.
2. Ниту пак возењето велосипед.
3. Посебно ако решите во кошничката да си ставите неколку свежо набрани цветчиња.
4. Може да подарите цвеќе, без да потрошите пари.
5. А, може и да си носите свеж цвет во глава.
6. Облеката е лесна...
7. И во весели бои.
8. Светот низ очилата за сонце е секогаш поубав.
9. И ручеците на отворено кои едвај ги чекаме.
10. Исто како што и вечерните собири се поубави под отворено небо.
11. Пијалаците се поладни, пошарени и повкусни.
12. А, храната полесна и поздрава.
13. Креативноста ви е на завидно високо ниво.
14. Па, затоа домот и градината се секогаш средени.
15. Да не зборуваме за терасата или балконот...
16. Во пролет се прават најдобрите фотки.
17. Се испробуваат нови овошја и зеленчуци.
18. Па, сосема логично, насмевката е трипати поголема.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





