Постојат три типа на селфи - какви се вашите фотки?
Што и да мислиме за нив, селфи фотографиите се неизоставен дел од нашето секојдневие, без оглед на тоа дали ги правиме самите ние, или, пак, само ги следиме туѓите „дела“ на социјалните мрежи, а кои и да сакаме на може да ги избегнеме.
Истражувајќи ги причините поради кои поединците прават селфи фотографии, од Универзитетот „Brigham Young“ дошле до заклучок дека постојат три основни категории, и тоа: комуникатори, автобиографи и самопромотери.
Иако најчестата теорија досега беше дека оние кои прават селфи фотографии се егоцентрични и вљубени во самите себе, најновото истражување кое го негира ваквото тврдење, класифицирајќи го овој тип на луѓе и нивните автопортрети во само една од трите главни категории.
Прочитајте го описот за секоја од нив:
1. Комуникатори
Тие ги споделуваат своите селфи фотографии како начин за отпочнување дијалог со своите следбеници. Ним им е најважна двонасочната комуникација.
Одличен пример беа последните претседателски избори во САД, кога многумина поставуваа свое селфи со натписот „I voted" („Гласав“), со што сакаа да отворат расправа или поттикнат и останатите да гласаат.
Пример од светот на славните е Леонардо ди Каприо, чиј Инстаграм речиси во целост е посветен на заштита на животната средина.
2. Автобиографи
Во оваа категорија спаѓаат личностите на кои селфи фотографијата им е алатка за документирање на сопствениот живот, важните моменти и спомени.
Тоа се оние кои ги споделуваат своите фотографии бидејќи сакаат да ги видат и другите, но не им премногу важно дали и каков фидбек ќе добијат.
Примери се астронаутот Скот Кели, кој објави неколку селфија од вселената, како и блогерката Кјара Ферањи, која редовно поставува селфи фотки од своите дневни активности, оброци и патувања.
3. Самопромотери
И покрај вкоренетото мислење дека селфи фотографиите пред се се неприродна манифестација на егото и суетата, самопромоторите се всушност најмалата група.
Тоа се луѓето кои имаат потреба да го документираат цел свој живот, а притоа сакаат да се претстават во многу позитивно светло.
Во оваа група припаѓаат ѕвездите на социјалните мрежи, како што се Тејлор Свифт, Џиџи и Бела Хадид, и секако, селфи-кралицата Ким Кардашијан, која ја објави и книгата со назив „Selfish", посветена исклучиво на нејзините фотографски автопортрети.
Воедно, во музејот на восочни скулптури „Мадам Тисо“ во Лондон, се наоѓа и скулптурата на Ким Кардашијан како фотографира – селфи.
М. А. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





