Лоши навики кои им се заеднички на хронично несреќните луѓе

Четириесет проценти од нашиот капацитет за среќа се наоѓа во нашата способност за промена на начинот на размислување и начинот на кој го гледаме и доживуваме светот околу себе.

losi-naviki-koi-im-se-zaednicki-na-hronicno-nesreknite-lugje-1.jpg

„За сите нас постои надеж. Постојат луѓе на оваа планета кои навистина се среќни, а остатокот од нас се наоѓа меѓу среќата и тагата, во зависност од денот.

Во истражувањата во текот на годините, забележав некои особини и навики на несреќните луѓе кои тие постојано се повторуваат. Сите ние имаме лоши денови, недели, па и месеци, кога некако ништо не ни оди.

Сепак, разликата меѓу среќните и несреќните луѓе е во тоа колку долго во себе дозволуваат да останат во таа состојба“, вели Соња Лубомирски, истражувачката од Универзитет во Калифорнија.

Ова се особинитe на хронично несреќните луѓе:

1. Веруваат дека животот е тежок

Среќните луѓе знаат дека животот може да биде тежок и по тешките периоди тоа го гледаат како фаза, не глумејќи жртва. Тие преземаат одговорност за тоа зошто се довеле во таква состојба, па се фокусираат на тоа како тоа да го променат и да се извлечат од хаосот што е можно побрзо; фокусот го ставаат на решенија на проблемите, наместо на жалење. Несреќните луѓе пак себе постојано се доживуваат како жртви и понатаму размислуваат на начинот – види што ми се случи, наместо да се потрудат да најдат излез од својата состојба.

2. Сметаат дека (речиси) на никого не може да му се верува

Здравата внимателност и сомнежите се добри, не треба претерано да се биде лесноверен, но многу среќни луѓе всушност веруваат во другите. Веруваат во доброто во луѓето и не мислат дека ќе бидат измамени од сите, па генерално пријателски се настроени и отворени кон луѓето кои ги запознаваат. Несреќните луѓе главно не веруваат на никого и мислат дека ќе бидат измамени од сите, што ги спречува во тоа да остваруваат нови пријателства и врски со луѓето.

3. Се фокусираат само на негативните страни

Во овој свет многу работи не се добри, но сепак среќните луѓе се фокусираат на она доброто и позитивното. Несреќните луѓе ги гледаат само негативните страни, а нивниот страв ги спречува во тоа да ја видат целата убавина која не опкружува.

4. Се споредуваат со другите и дозволуваат да ги изеде зависта

Несреќните луѓе веруваат дека некој друг ја украл нивната среќа, па постојано се споредуваат со другите, дозволувајќи да ги изеде љубомора и завист. Среќните луѓе знаат дека секој од нас има своја судбина и среќа која никој не може да ни ја украде. Исто така, среќните луѓе веруваат во бројни можности и знаат дека среќата на другите нема никаква врска со нивната.

losi-naviki-koi-im-se-zaednicki-na-hronicno-nesreknite-lugje-2.jpg

5. Се обидуваат да контролираат сè околу себе

Постои разлика меѓу потребата за контрола и обидите да се постигнат одредени цели. Среќните луѓе преземаат секојдневни мерки за да ги постигнат своите цели, но на крај сфаќаат дека всушност малку можат да контролираат од сето тоа. Клучот е во тоа да бидеме ориентирани на своите цели, но да дозволиме да се случат и лоши работи, и тие се составен дел од животот, светот нема да се распадне поради тоа.

6. За иднината размислуваат со загриженост и страв

Несреќните луѓе размислуваат само за тоа што може да појде по зло, додека среќните луѓе поседуваат доза на здрава илузија и си дозволуваат понекогаш да фантазираат и да размислуваат за убави нешта, па всушност веруваат дека на крај се ќе биде во ред. И среќните луѓе чувствуваат загриженост и страв, но прават голема разлика меѓу чувствата и живеењето во страв. Кога стравот или грижите ќе го нападнат мозокот на среќни лица, тие ќе се прашаат постои ли некој начин на кој тоа можат да го превенираат или да го променат. Ако не можат, сфаќаат дека од стравот и загриженоста немаат ништо и прекинуваат да размислуваат за тоа.

7. Живеат во минатото

Несреќните луѓе живеат во минатото и главно зборуваат само за тоа. Кога ќе почнат да им недостасуваат теми, се свртуваат кон озборувања и коментирање на животите на другите луѓе. Среќните луѓе живеат во сегашноста и сонуваат за иднината. Нивните позитивни вибрации можат да се почувствуваат во комуникацијата со нив. Возбудени се поради работата на која работат, благодарени се на тоа што го имаат и размислуваат за можностите во животот.

„Секако, никој од нас не е совршен. Сите ние понекогаш се гушиме во негативност, но работата е во тоа колку долго ќе си дозволиме да останеме во таа состојба. Вежбањето на позитивните навики е она на кое сите треба да работиме. Одиш, паѓаш, стануваш и повторно сè од почеток“,  порачува Соња Лубомирски.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
3 психолошки причини заради кои секогаш сте несреќни + Што треба да промените? „Тоа што верувате дека сте во право за тоа што се жалите, не значи дека таквиот ...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg