Неверојатни места во светот кои не можете да ги посетите

Постојат многу места во светот кои мамат со својата таинственост и магичност, но се забранети за посета.

Neverojatni-mesta-na-svetot-koi-se-zabraneti-za-poseta-01

Голем дел од нив се забранети бидејќи се важни културни богатства, други бидејќи можат да го загрозат животот на посетителите, а трети бидејќи се места каде се изведуваат тајни воени операции.

1. Островот и вулкан Херд во Австралија

Овој вулкански остров е едно од најоддалечените места на земјината топка. Тој е вистинска оаза на животни, бидејќи на него своето место го пронашле пингвини, фоки и морски птици. Но, островот е интересен и поради тоа што пред десетина години е откриено дека на него постои и активен вулкан. Навистина, би било интересно да се види, но проблемот е тоа што до него би требало да се кружи најмалку две недели од некое друго копно, заради неповолните временски услови.

Neverojatni-mesta-na-svetot-koi-se-zabraneti-za-poseta-02

2. Островот на змиите, Бразил

Недалеку од Сао Паоло се наоѓа остров кој речиси целосно го населуваат многу видови на змии отровници. Се проценува дека на него живеат околу 4 илјади видови отровни змии. На островот не живеат луѓе, а тој е достапен единствено за научниците кои се занимаваат со проучување на змии, и тоа само на неколку години.

Neverojatni-mesta-na-svetot-koi-se-zabraneti-za-poseta-03

3. Островот Сентинел, Андамански Острови

Овој остров е опкружен со корални гребени заради што пристапот до него е речиси невозможен. Но, тоа не е единствениот проблем за да стигнете до него. Тој е населен со мала автономна група луѓе кои никогаш не контактирале со други луѓе и се една од последните заедници која нема никаков допир со модерната цивилизација. За нив се вели дека се многу агресивни и дека во 2008 година убиле двајца рибари кои премногу се приближиле до островот.

Neverojatni-mesta-na-svetot-koi-se-zabraneti-za-poseta-04

4. Пештерата Ласко, Франција

Овој комплекс на пештери во југозападниот дел на Франција е насликан со цртежи од ерата на палеолит. Со други зборови, цртежите тука се стари и до 17 илјади години. Пештерите се наоѓаат на листата на Светско наследство на УНЕСКО, а со цел да се зачуваат, од 2008 година тие се целосно затворени за јавноста.

Neverojatni-mesta-na-svetot-koi-se-zabraneti-za-poseta-05

5. Повеља, Италија

Овој малечок остров меѓу Венеција и Лидо ди Јесоло се смета за едно од најпроколнатите места на светот. Напуштен е во 1968 година кога била затворена тамошната психијатриска болница, а претходно се користел како карантин за луѓето болни од чума. До ден денес кружат гласини дека низ него шетаат духовите на болните луѓе, лекарите и војниците кои го користеле како контролна точка за пловидба.

Neverojatni-mesta-na-svetot-koi-se-zabraneti-za-poseta-06

6. Ватиканските тајни архиви

Скриени длабоко во ватиканските ѕидини се наоѓаат вредни документи како писмата на Микеланџело, молбата на кралот Хенри VIII за поништување на бракот но и многу други документи за Светиот стол од кои некои датираат уште од осмиот век.

Neverojatni-mesta-na-svetot-koi-se-zabraneti-za-poseta-07

7. Големата гробница Исе, Јапонија

Овој комплекс се состои од 125 помали гробници посветени на божицата Аматерасу. Иако се верува дека локацијата на светилиштето датира од третиот век, истото се преместува на секои 20 години, а последен пат тоа било направено во 2013 година.

Neverojatni-mesta-na-svetot-koi-se-zabraneti-za-poseta-08

8. Зона 51, Невада

Ова е подрачјето каде пристап имаат само тајните служби на САД. Долго време се верувало дека оваа воена база е локација каде се тестираат авиони и оружје, но заговорниците на теории веруваат дека таму се вршат испитувања на остатоци од НЛО, како и тела на вонземјани.

Neverojatni-mesta-na-svetot-koi-se-zabraneti-za-poseta-09

9. Гробот на царот Чин Ши Хуанг

Сигурно сте слушнале за популарните воини од теракота, кои го чуваат гробот на царот во Кина. Досега се вкупно извлечени две илјади статуи на војници, од кои сите се различни, а се верува дека под земја се наоѓаат уште осум илјади. Сепак, истражувањата и ископувањата сè уште траат, а иако воините можат да се видат, можеби гробот никогаш нема да можеме да го видиме бидејќи Кинезите ги почитуваат ритуалите на закоп.

Neverojatni-mesta-na-svetot-koi-se-zabraneti-za-poseta-10

10. Свалбард; Трезорот за Судниот ден; Трезорот за семиња, Норвешка

Овој подземен трезор  на семиња се наоѓа на островот Спитсберген. Тој е местото каде се чуваат околу 840.000 примероци од 4.000 рани семиња од сите страни на светот. Тој е изграден со цел да се зачува разновидноста во случај на некаква глобална катастрофа.

Neverojatni-mesta-na-svetot-koi-se-zabraneti-za-poseta-11

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg