6 трикови за домот, кои ќе ви помогнат да ослабете

Сте знаеле ли дека уредувањето на домот, изборот на садовите за домаќинство, па дури и музиката која ја слушате во вашиот животен амбиент, може да ви бидат сојузници во борбата со вишокот килограми?

6-nachini-na-koi-domot-mozhe-da-vi-pomogne-da-oslabete-1.jpg

Ви откриваме неколку интересни трикови со кои полесно ќе дојдете до витка линија:

Бојата на чинијата влијае на големината на порцијата

Резултатите од истражувањето на универзитетот „Корнел“ покажуваат дека помалиот контраст помеѓу бојата на чинијата и храната поттикнува на земање поголеми порции храна. На пример, ќе земете дури 30% повеќе тестенини во бел сос доколку користите бела чинија, наместо црвена или црна чинија. Идеално би било да имате разнобојни садови, па храната со светла боја да сервирате во темни чинии и обратно.

6-nachini-na-koi-domot-mozhe-da-vi-pomogne-da-oslabete-2.jpg

Изберете чинии и чаши со помали димензии

Да ставите во чинија онолку храна колку што му е потребно на телото не е лесна задача, a ваквата процена може дополнително да ја отежне големината на чинијата. Истражување во кое испитаници биле нутриционисти, покажало дека нутриционистите со поголеми чашки зеле 31% повеќе сладолед од оние кои имале помали чашки. Според тоа, доколку сакате витка линија, мудар потег би било да инвестирате во садови со помали димензии.

6-nachini-na-koi-domot-mozhe-da-vi-pomogne-da-oslabete-3_copy_copy.jpg

Поставете огледало во трпезаријата

Истражувањето спроведено во 2016 година, покажало дека задоволството кое го пружа чоколадната торта е значително поголемо кога истата се јаде во просторија без огледала. Од друга страна, чоколадната торта нема да биде толку привлечна доколку се консумира во близина на огледало, каде постојано можете да го видите својот одраз додека го јадете десертот полн со шеќер и калории. Интересен е и податокот дека огледалото немало влијание кога се испитувала овошната салата, а која била подеднакво вкусна, и во просторија без огледало, но и во близина на огледало.

6-nachini-na-koi-domot-mozhe-da-vi-pomogne-da-oslabete-4.jpg

Амбиентот влијае на количината на изедена храна

Интензитетот на светлина и бучава влијае на количината на изедена храна, односно на тоа колку луѓето ќе се задржат во ресторанот. На пример, пресилното осветлување и прегласната или ,,агресивна“ музика може да го присилат човекот да го изеде оброкот и побегне што поскоро од непријатниот амбиент. Но, што се случува кога во класичен ресторан за брза храна, кој инаку се карактеризира со јако бело и црвено светло, но и прегласна музика, а кои создаваат не толку пријатна атмосфера, ќе се создаде амбиентално чувство?

6-nachini-na-koi-domot-mozhe-da-vi-pomogne-da-oslabete-5.jpg

Во текот на истражувањето од 2012 година, со промена на осветлувањето (од иритантно во благопријатно), како и пуштање инструментални џез балади, научниците успеале да создадат мошне комфорен амбиент во неколку ресторани за брза храна. Потоа, ја забележувале количината на изедена храна, како и времето кое го минувале гостите, по што барале од нив и да ја оценат храната.

Спротивно на очекувањата, испитаниците во пријатна атмосфера внеле околу 175 калории помалку од оние кои јаделе во стандарден амбиент на ресторан за брза храна. Воедно, поединците кои јаделе во пријатни ресторани ја оцениле храната како повкусна во однос на тие кои имале оброк во класичните ресторани за брза храна. Според тоа, во текот на оброкот, придушете ги светлата и пуштете нежна музика.  

Не јадете пред вклучен телевизор

И врапците на гранка веќе знаат дека не е во ред да се јаде пред пуштен  телевизор, туку без никакви дистракции, а сè со цел подобро да ги следите сигналите кои ви ги испраќа телото и да избегнете прејадување.

6-nachini-na-koi-domot-mozhe-da-vi-pomogne-da-oslabete-6.jpg

Користете дифузер за етерични масла

Истражувањето на американските научници открило дека мирисот на мента може да го намали внесот на калории. Имено, личностите кои мирисале мента секои два часа во текот на денот, на крајот од неделата внеле вкупно 2800 калории помалку во споредба со оние кои не го правеле тоа. Затоа, капнете малку етерично масло од мента во својот дифузер, за да го освежите воздухот, но и намалите апетитот.  

6-nachini-na-koi-domot-mozhe-da-vi-pomogne-da-oslabete-7.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како учтиво да ја вратите нарачката во ресторан (и кога не е во ред да барате нов оброк)? Доколку ви ја згрешат нарачката или ви стават состојка која сте нагласиле дека н...
Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
Кафе, чипс и уште 5 работи кои биле откриени случајно Според легендата, гостин во ресторан не бил задоволен од помфритот и побарал ком...
Работи кои не треба да ги правите во кревет пред спиење (го нарушуваат сонот) Пиете вода, гледате филм, работите … Кои се грешките што (веројатно) ги правите ...
Мажите си ги разменуваат жените, имаат секс по 5 пати на ден: Факти за Бушманите Поим за убавина им се жените со голем задник, пушат халуциногена билка и имаат с...
14 забавни фото-споредби: Различности кои не се опишуваат со зборови Нов и стар пар патики сликани еден до друг, маж пред и по трансплантација на кос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg