Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


9 фасцинантни работи кои ни се случуваат додека спиеме

Човечкиот мозок е навистина посебен орган, посебно по начинот на кој функционира за време на сонот.

9-fascinantni-raboti-koi-ni-se-slucuvaat-dodeka-sonuvame-01.jpg

Неколку интересни работи кои ви се случуваат за време на спиењето:

1. Мускулите ви се парализираат

Кога влегувате во РЕМ фазата на спиење, најдлабокиот сон, мускулите привремено ви се парализираат и не можете да се движите. Кај оние кои имаат нарколепсија (заспивање при секоја форма на релаксирање), парализата може да продолжи и до самото будење.

9-fascinantni-raboti-koi-ni-se-slucuvaat-dodeka-sonuvame-1.jpg

2. Очите ви се движат со полна брзина

Сите фази на сонот имаат посебна намена за одржување на телото и мозокот здрави и релаксирани. Постојат вкупно 5 фази на спиење и секоја е подлабока од претходната, а кога ќе поминеме низ сите 5 фази, кругот се врти и продолжува сонот одново со 5-те фази. Последната фаза, РЕМ фазата, трае 60 до 90 минути, а тогаш очите ви се движат најбргу.

9-fascinantni-raboti-koi-ni-se-slucuvaat-dodeka-sonuvame-2.jpg

3. Во организмот се испушта хормонот на раст

Хормонот HGH кој е уште попознат и како хормон на растот е одговорен не само за растење на млади години, туку и за регенерирање на мускулите и коските, а кога заспивате, тогаш тој се испушта низ целиот организам.

9-fascinantni-raboti-koi-ni-se-slucuvaat-dodeka-sonuvame-3.jpg

4. Гркланот ви се стеснува

Кога спиете, мускулите кои го држат вратот се релаксираат, па големината и ширината на гркланот се намалува. Ова е една од причините поради која можете да рчите.

9-fascinantni-raboti-koi-ni-se-slucuvaat-dodeka-sonuvame-10.jpg

5. Чкрипење на забите

Бруксизам е феномен кој се случува кај одредени луѓе, а подразбира стискање на забите и вилицата и будење со болка во истата. Овој феномен може да се случи заради морфолошка причина, кога има изместување на вилицата или од психолошка причина - начин на ослободување на емотивната тензија и стресот.

9-fascinantni-raboti-koi-ni-se-slucuvaat-dodeka-sonuvame-5.jpg

6. Искусувате спонтано сексуално возбудување

И мажите и жените искусуваат сексуално возбудување во текот на сонот, поточно, во најдлабоката фаза кога доаѓа зголемена количина на кислород во сите делови од телото, вклучувајќи ги и гениталиите.

9-fascinantni-raboti-koi-ni-se-slucuvaat-dodeka-sonuvame-6.jpg

7. Мозокот ги ослободува акумулираните информации од денот и прави приказни од нив

Како и зошто настануваат соништата? Тоа сè уште е научна мистерија. Она што се знае е дека соништата се креираат од сеќавањата кои ги формираме во текот на денот, тие информации се комбинираат со информациите кои ги чуваме со години и со емоциите и траумите и така се креираат соништата кои понекогаш знаат да бидат апсурдни и чудни.

9-fascinantni-raboti-koi-ni-se-slucuvaat-dodeka-sonuvame-7.jpg

8. Можете да слушнете ненадејни експлозии

Овој синдром е редок и се јавува како чувство дека нешто експлодира или ви се чини како да сте слушнале нешто гласно однадвор, па може и да се разбудите. Не предизвикува физичка болка, ама може да има сериозни психолошки импликации.

9-fascinantni-raboti-koi-ni-se-slucuvaat-dodeka-sonuvame-8.jpg

9. Вашиот мозок сам се регенерира и детоксицира

Научниците од Универзитетот во Рочестер откриле дека кога спиеме, нашиот мозок преку глимфатичниот систем се ослободува од сите отпадни состојки кои се собирале во текот на денот, од непотребните и бескорисни информации и се регенерираат поврзувањата во самиот мозок.

9-fascinantni-raboti-koi-ni-se-slucuvaat-dodeka-sonuvame-9.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg