Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Пцуете како кочијаш?

pcuete-kako-kocijas-povekjeЛуѓето отсекогаш имале потреба да го зачинат јазикот со простачки зборови. Можеби ги изговарате во афект, кога сте лути или под стрес. Најлошо...

 

...е кога воопшто не забележувате дека пцуете. Ако сакате да се ослободите од оваа лоша навика, прочитајте ги овие совети.

pcuete-kako-kocijas

1. Признајте дека имате проблем. Никогаш нема да се ослободите од пцовките ако не увидите дека влијаат на вашиот живот.

2. Размислете за окружувањето затоа што велат “со кој си – таков си“. Веројатно и вашите пријатели го имаат овој проблем.

3. Откријте кога пцуете. Кога сте лути? За да се вклопите во друштво? Од навика?

Ако сте лути обидете се да се смирите пред да прозборите. Ако сакате да нагласите нешто, сетете се да го промените тонот.

А, ако пцуете постојано, ви советуваме да почнете да се образувате повеќе за да не бидете “прости“.

4. Пред да го изговорите најлошото – длабоко вдишете и воздивнете.

5. Обидете се да воспоставите контрола над себе. Наградете се ако сте успешни и ако не се опцуле во ситуација каде инаку се би отерале по ѓаволите.

6. Обидете се со јога и медитација. Така ќе станете посвесни за своите мисли и полесно ќе ги контролирате.

7. Читајте книги. Тоа ќе ви го прошири вокабуларот и погрдните зборови ќе можете да ги промените со некои попристојни.

8. Бидете упорни во решавање на вашиот проблем. Не би сакале да влијае на вашиот успех и кариера, и на тоа како ве гледаат останатите како личност.

Би можело да ве интересира:

Дел од најстарите фотографии во светот (кои преживеале до денес) Првата фотографија од Њујорк, кога повеќе наликувал на село, првата фотографија ...
Пеперутка што личи на лист и уште 7 интересни сцени од секојдневието Од домат кој израснал од шахта до мачка која спие во навистина чудна позиција, л...
10 од најопасните професии во светот (и колку работници загинуваат) Рибарите кои ловат на отворено море и дрвосечачите кои работат со огромни дрвја ...
Луѓе кои сами си го разубавија домот и не можат да престанат да се фалат (фото) „Имав заштедено 400 евра и два слободни викенда, па решив да ја преуредам кујнат...
Иритантни правила на однесување кои жените ги трпеле со години, но веќе се заборавени Жените не смееле да имаат долги нокти, од нив не се очекувало да работат ниту да...
Низ фотографии: Што се случувало и како изгледал светот пред 100 години? Автомобилите станувале подобри, фиксните телефони биле подостапни, а во Париз ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg