Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Историјата на чоколадото

Чоколадната смеса била позната уште пред 2.600 години, но чоколaдата која денес ја јадеме е нов деликатес. Холанѓанецот Конрад Ј.Ван Хаутин во 1828...

 

... година ја патентираше хидрауличната преса која ги дробела зрната од какаото од кое настанувало какaо прав.

istorijata-na-cokoladata

Англичаните во 1847-та година откриле како тој прав да го мешаат со шеќер и растопен какао путер, и таа смеса набрзо станува фаворит низ светот.

Швајцарецот Дениел Питер експериментирал со млекото како состојка во чоколадото и успева да ја произведе првата млечна чоколада во 1875-та година.

Понатаму, швајцарците го усовршуваат процесот на производство на чоколада и во 1879 година Rudolf Lindt (Lindt денес е една од најпознатите фабрики за чоколадо) ја направил првата чоколада која се топи во уста - позната по името “chocolat fondant”.

Многу чоколади се ставаат во категоријата на 'забранети' бидејќи содржат состојки кои се многу калорични. Притоа се заборава дека чоколадото содржи и многу полифенол кој е силен антиоксиданс, но и магнезиум и бакар.

Најновите истражувања покажуваат дека темната чоколада, како и какаото во прав, се здрави за срце наспроти високата количина на маснотии бидејќи го зголемуваат нивото на добриот холестерол за 10%, HDL, кој има заштитна улога.

Постојат и неколку заблуди за чоколадото како што се на пример - дека чоколадото предизвикува кариес и акни.

Со низа истражувања се покажа дека чоколадото нема никаква врска со акните, ниту пак со кариесот. Дури и е докажано дека некои состојки на чоколадото го успоруваат процесот на расипување на забите.

Чоколадата денес е одговорна за стимулирање на доброто расположение. Се верува дека чоколадата е и добар афродизијак и многу мажи имаат навика често да ја конзумираат пред да влезат во љубовните игри.

Наводно Казанова конзумирал чоколада пред да ги освојува жените. Точно не се знае какви биле неговите љубовни перформанси, но може да се претпостави дека му била потребна силна психолошка подршка, а тој ја нашол токму во чоколадата.

Би можело да ве интересира:

Морничави фотки: Природата е убава, но и страшна Знаевте ли дека постојат печурки кои изгледаат толку морничаво, што се познати к...
Што значи буквата „М“ формирана од линиите на вашата дланка? Колкупати сте се запрашале што означуваат линиите на внатрешноста на нашите длан...
Најстарите парчиња облека и модни додатоци кои се најдени досега Чанта која е украсена со заби од животни и е направена пред 4.500 години, очила ...
„Му бев лично обезбедување на папата, како дел од швајцарската гарда – тренирав 4 месеци, го штитев ... Покрај тоа што треба да имаат швајцарското државјанство, стражарите треба да се ...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg