Како да си го промените животот на подобро, за само 1 месец?

Ако месецот го поделите на 4 недели, односно 4 целини и за секоја од нив си поставите одредени цели и достигнувања, за 1 месец бидете подготвени да не си го познаете сопствениот живот. На позитивно, се разбира.

kako-da-si-go-promenite-zivotot-na-podobro-za-samo-1-mesec-001.jpg

Идеално би било да го следите овој план, доколку веќе подолго време не сте задоволни со текот на настаните во вашиот живот:

Прва недела: Исчистете ги умот и телото

1. Стартувајте рано, околу 6 часот наутро. Ова е идеално време за будење, доколку сметате дека постојано сте во трка со времето. Ќе откриете еден нов потивок свет, мирен и спокоен, во кој ќе имате и време и нерви да се соочите со проблемите и обврските без одвлекување на вниманието. Ова е идеално време за утрински вежби и за сите подготовки за претстојниот ден.  На овој начин ментално ќе зајакнете и без оглед на депресивното време или гужвата во сообраќајот, ќе имате време и ентузијазам за сè.

2. Подобрете ја исхраната. Промените кои ќе ги спроведете понатаму си бараат поголема доза на енергија од вас. За да не ја барате енергијата во погрешни извори како алкохол, кафе и цигари, проследени со тешки мрсни оброци, време е да направите поздрав режим на исхрана. Исфрлете ги сите преработени производи и јадете повеќе свежи салати. Најважно е да избегнувате да си го трупате телото со токсини.

3. Спортувајте. Не затоа што треба да бидете позгодни отколку што сте, туку затоа што духовно треба да бидете поисполнети и цврсти. Комбинирајте лесни и физички тешки активности. Пример, јога, трчање и танцување. Обидете се да се движите секој ден.

Втора недела: Организирајте си го приватниот живот

1. Исчистете го личниот простор. Исчистете сè што не ви треба. Време е да воведете ред во секое ќоше од домот или собата. Размислете на следната тема - секој предмет кој го имате во просторот зафаќа драгоцено место и носи дел од вашата енергија. Ваше е да решите каква е вашата енергија.

2. Организирајте ги вашите лични желби, потреби и обврски. Се сеќавате од кога сакате да запишете шпански јазик? Колку пати ветивте дека ќе ја посетите баба ви која живее на другиот крај од градот? Колку новогодишни резолуции пропаднаа во вода? Запишете ги на лист хартија, подредете ги по важност и започнете со ред.

3. Организирајте го социјалниот живот. Раскинете ги врските кои ве влечат наназад и ве депримираат. Избришете ги арогантните и негативни луѓе со кои немате ништо заедничко. Научете да кажете не и збогум без да објаснувате. Дозволете си да бидете слободни и себични кога се работи за вашата лична среќа. Единствен исклучок кој треба да го направите од ова правило е семејството.

Трета недела: Планови, цели и соништа

1. Запишете ги вашите планови. Запишете сè што планирате да направите оваа недела. Како таа листа прави да се чувствувате? Се чувствувате среќни и ентузијасти? Дали со нетрпение чекате да ги засукате ракавите? Ако одговорот е не, тогаш е време да составите нов план. Не заборавајте дека покрај деловните обврски и финансиски проблеми, треба сериозно да го сфатите и слободното време и што точно правите со него. Запишете ги книгите кои сакате да ги прочитате, претставите кои сакате да ги изгледате, настаните на кои сакате да присуствувате...

2. Направете листа од активности за кои постојано фантазирате. Ова ќе биде вашиот омилен дел. Запишете ги сите тие работи кои сакате да ги направите, но секогаш имате изговори. Игнорирајте го гласот во главата. Замислете си, ги имате сите потребни пари, конекции и таленти кои ви требаат. Што би правеле тогаш?

3. Планирајте ги работите на дневна база. Запишете план за утредента. Не е важно колку е краток и едноставен, важно е да го имате запишано. Секаде каде што ќе забележите „дупка“ од слободно и неиспланирано време, може да вметнете некоја активност која досега не сте ја направиле, па ќе бидете попродуктивни.

Четврта недела: Проширете ги хоризонтите

1. Обидете се да живеете различно. Тука дури и малите работи може да имаат голем ефект. Одете од различен пат до работа. Седнете во кафулето кое е малку „посолено“ со цени, но затоа испијте едно кафе, наместо кафе и сок. Ова е добро за да сфатите дека новите работи се секогаш добри и препорачливи. На овој начин ќе се навикнете да избегате од шаблонот, кој колку и да не сакате да признаете, го имате и следите секојдневно.

2. Излезете од комфорната зона. Секако, ако ја следите претходната точка, ова ќе дојде со леснотија. Погледнете ги стравовите во очи. И не ги гледајте само, туку борете се со нив. Пронајдете радикални методи. Се плашите од височини? Летајте. Се плашите од шефот? Одете и предложете му проект на кој треба да работите сами. Ако сонувате за да запознаете нови контакти, шетајте сами. Научете да се справите во ваквите ситуации.

3. Направете пауза. Мислевте дека е тешко? Грешите. Но, зборуваме за поинаква пауза. Изгасете ја Wi-Fi конекцијата, седнете сами во најудобното место од собрата и поминете време сами со себе, не правејќи ништо. Тогаш ќе сфатите каков месец сте имале.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg