99-годишна бабичка била уапсена, за да стави уште една „штикла“ на листата со желби
Ени е 99-годишна бабичка од Холандија која доби помош од локалната полиција да „штиклира“ една работа од нејзината листа на работи кои сака да ги направи во животот.
Неодамна, внуката на Ени ја контактирала локалната полиција „Politie Nijmegen-Zuid“ и им раскажала за листата на нејзината баба.
Неколку часа подоцна Ени била одведена со лисици во најблиската полициска станица и затворена.
„Вообичаено не го правиме ова, ама решивме да направиме исклучок за Ени“ - вели полицаец кој решил да помогне Ени да ја оствари и оваа нејзина желба, да биде притворена во полиција.
За краток период, оваа приказна стана сензација на Фејсбук:
https://www.facebook.com/politienijmegenzuid/posts/833781586798056:0
Н. Г. | Црнобело