„Обични“ луѓе кои станаа познати на социјалните мрежи заради сличноста со славните
Секој од нас е уникатен и посебен на еден начин, но може да наликува барем на една друга личност на друг начин.
На пример, некои луѓе многу потсетуваат на славните и заради тоа стануваат популарни и на социјалните мрежи.
8 такви примери:
1. Мара Тајга личи на Анџелина Џоли
Младиот американски модел брзо стана популарна во модниот свет благодарение на сличноста со познатата актерка.
2. Елинор Хелборг и Адел
23-годишната Елинор од Шведска е шминкерка која стана позната на социјалните мрежи заради сличноста со Адел.
3. Мајкл Хиксон и Зак Ефрон
22-годишниот шампион во нуркање, за време на Олимпијадата во Рио, остана забележан заради сличноста со добро познатиот згоден актер.
4. Макс Кеслер и Адам Сендлер
23-годишниот Макс стана познат заради фотографијата која ја објави на социјалните мрежи, па дури и лично имаше можност да се запознае со својот двојник, Сендлер.
5. Николај Последа и Даниел Редклиф
Младиот Николај започна да одзема воздишки меѓу дамите откако стана славен на социјалните мрежи заради сличноста со Даниел Редклиф.
6. Џосија Мартин и Кит Харингтон
Американецот Џосија стана популарен на социјалните мрежи, бидејќи неверојатно многу потсетува на актерот од Игра на троновите.
7. Хелена Периќ и Ким Кардашијан
24-годишната Периќ од Хрватска е шминкерка која стана позната на Инстаграм заради сличноста со Ким Кардашијан.
8. Полин Феранд-Прево и Кејт Мидлтон
Француската велосипедистка стана позната заради нејзината неверојатна сличност со војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.
Н. Г. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





