30 начини како веднаш да си го подобрите расположението

Животот е премногу краток да се чувствувате непријатно, лошо и тажно...

30-nacini-kako-vednas-da-si-go-podobrite-raspolozenieto-01.jpg

Среќата ја прават секојдевни моменти и најмалите работи некогаш може да ни го направат денот најсреќен.

Еве неколку совети како веднаш да си го подобрите расположението:

1. Донирајте ја облеката што ја немате носено повеќе од 3 години во добротворни цели.

2. Престанете да наоѓате изговори за нешто што одамна требало да биде направено.

3. Поминете повеќе време со вашето семејство.

4. Не се мачете себеси со секоја мала неважна работа.

5. Не бидете завидливи и љубоморни.

6. Слушајте добра музика.

7. Престанете да гледате толку многу телевизија и вести.

8. Престанете да мислите дека ви требаат многу материјални работи за да бидете среќни.

9. Бидете добри кон животните.

10. Направете си ваша сопствена програма за вежбање.

11. Станете рано наутро и искористете го денот.

12. Кажувајте им повеќе комплименти на луѓето.

13. Најдете начин да им простите на сите што ве повредиле. Не задржувајте негативни мисли во вас.

14. Пијте многу течности и јадете многу витамини.

15. Не озборувајте. Озборувањето може да ве наполни само со негативна енергија.

16. Фантазирајте за среќна иднина.

17. Јадете бавно и уживајте во храната.

18. Излегувајте почесто на сонце.

19. Испланирајте патување.

20. Направете си листа на работи во кои сте добри и чувајте ја за моменти кога ви треба повеќе самодоверба.

21. Спијте повеќе. Кога сте уморни одете во кревет. Слушајте го вашето тело.

22. Бидете физички активни.

23. Јадете здраво. Држете се до 80-20% правило. 80% здрава храна со 20% од вашите омилени нездрави навики.

24. Јадете црно чоколадо. Делува подобро дури и од антидепресиви.

25. Потрошете пари на искуства, не на работи.

26. Исчистете ја собата во која поминувате најмногу време. Ставете цвеќе или нешто што и дава живост.

27. Отворете штедна книшка.

28. Научете се да кажувате НЕ кога треба.

29. Играјте игри: монопол, карти, шах или било што, што ќе ви го подигне адреналинот.

30. Кога ќе почувствувате колку сте среќни во некој момент, застанете и запомнете го тој момент.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
24 работи што треба да престанете да ги правите во 2024 (за да бидете посреќни и поуспешни) Престанете да им посветувате време на погрешните луѓе, да се плашите да влезете ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg