Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


7 работи кои веројатно не сте знаеле како функционираат

Научени сме одредени работи да ги гледаме секојдневно, ама некои, колку и да ги гледаме секој ден, не разбираме како функционираат...

7-raboti-koi-verojatno-ne-ste-znaele-kako-funkcioniraat-001.jpg

На пример:

1. Трамвајот има цик-цак линии над него

Ако имате или сте имале можност да ги погледнете одблизу, ќе забележите дека трамвајите имаат жици кои се наместени во цик-цак наместо во права линија.

Колку и да звучи нелогично, трамвајите и возовите имаат цик-цак контакт жици, бидејќи секоја жица се троши и мора да се заменува. 

За да се троши рамномерно, не се става право, туку во цик-цак. Како што се движи трмвајот, пантографот истовремено се лизга и се троши еднакво.

7-neverojatni-raboti-koi-verojatno-ne-ste-znaele-deka-postojat-1.jpg

2. Стандардниот крал во француските карти е единствениот без мустаќи и со меч кој се чини дека си го збрцува во глава

Првата теорија е дека на почетокот носел секира, но заради лоши копии, секирата постепено исчезнала од сликата.

Друга теорија е дека кралот-срце го прикажува емоционално растроениот крал Чарлс VII кој секогаш носел меч со себе и на крајот самиот си го зарил во глава од страв дека ќе биде отруен.

7-neverojatni-raboti-koi-verojatno-ne-ste-znaele-deka-postojat-2.jpg

3. Паричките на Англија

Британските парички од 1, 2, 5, 20 и 50 пени прикажуваат делови од Кралскиот грб кои формираат штит кога ќе ги поставите заедно.

7-neverojatni-raboti-koi-verojatno-ne-ste-znaele-deka-postojat-3.jpg

4. Отворени кутии на козметиката

Малата кутија означува PAO или период по отворање кој ги информира оние кои го употребуваат производот колку време можат да го користат.

На симболот има број и буквата „М“ која означува колку месеци производот може да се користи откако ќе се отвори.

7-neverojatni-raboti-koi-verojatno-ne-ste-znaele-deka-postojat-4.jpg

5. Круната на Статуата на слободата

Седумте игли ги прикажуваат седумте океани и седумте континенти на Земјата. Секоја игла тежи точно 68 килограми.

Денес иако познаваме само 5 океани, во минатото, уште од антички времиња, океаните на Земјата биле познати како „Седумте мориња“ - фраза која ги вклучувала: Арктичкиот Океан, Северноатлантскиот Океан, Јужноaтлантскиот Океан, Индискиот Океан, Северниот Тихи Океан, Јужниот Тихи Океан и Јужниот (или Антарктичкиот) Океан. 

7-neverojatni-raboti-koi-verojatno-ne-ste-znaele-deka-postojat-5.jpg

6. Празни страни во книгите

Дали некогаш сте забележале дека одредени книги имаат празни страници на почетокот и на крајот? Обично книгите биле печатени на големи листови хартија, наместо на мали. Затоа, кога нема доволна содржина, остануваат празни страници.

Плус, обично самите автори го пишуваат и зборот „забелешки“ на првата страница од празните листови за да не помислат читателите дека наидуваат на грешка при печатењето, туку дека намерно се оставени листовите празни.

7-neverojatni-raboti-koi-verojatno-ne-ste-znaele-deka-postojat-6.jpg

7. Разнобојна паста за заби

Дали некогаш сте се запрашале зошто одредени пасти за заби имаат различни бои?

Флуоридот (белата компонента) е најзначаен елемент во пастата за заби, бидејќи ги избелува забите.

Синиот (или зелениот) дел од пастата претставува аква гел и има антимикробно дејство и го освежува здивот.

Црвениот гел е додаден подоцна. Тој ги содржи клучните елементи за здрави непца.

Всушност, поделбата на пастата за заби со различни бои не е потребна. Тоа е само една умна маркетиншка стратегија.

7-neverojatni-raboti-koi-verojatno-ne-ste-znaele-deka-postojat-7.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg