Мали, но значајни работи кои прават да бидете прекрасен пријател

Пријателствата доаѓаат и си одат. Само мал број на луѓе остануваат да бидат покрај нас до крајот на животот. Токму тие луѓе ни се вистински пријатели.

6-raboti-koi-pravat-da-bidete-prekrasen-prijatel-01.jpg

Но, како можеме да препознаеме дека покрај себе имаме вистински пријател? А, според тоа, дали и самите ние сме добри пријатели?

6 знаци дека сте добар пријател:

1. Знаете дека на луѓето им треба простор за да растат и созреваат

Сите ние од време навреме сакаме да бидеме сами, да си дадеме простор за личен развој, а вистинскиот пријател секогаш знае кога тоа ни е најмногу потребно.

2. Сè е природно

Не морате да се трудите за да бидете добар пријател. Како и во романтичните врски, така и во пријателските работите треба  да се одвиваат природно и без притисоци.

3. Ништо не му може времето на вашето пријателство

Може да стапите во брак, да почнете свој живот, да се преселите некаде, да не се гледате со денови и месеци, ама вистинскиот пријател никогаш не ве заборава.

4. Секогаш ѝ посакувате сè најдобро на другата личност

Помеѓу вас не постои завист, туку искрено се надевате дека вашиот пријател секогаш ќе има најдобар можен живот.

5. Секогаш сте слободни за разговор

Можеби моментално сте зафатени со работа, ама секогаш наоѓате време за пријателите и разговор со нив.

6. Споделувате

Сè си споделувате - информации, тајни, слики, сеќавања, не е важно што, важно е дека помеѓу вас секогаш постои добра комуникација.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
15 фото-докази дека сè уште постои добрина во светот Во време кога почнуваме да ја губиме вербата во луѓето, се дистанцираме и станув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg