Како храната на рекламите изгледа толку вкусна?

Дали секогаш сте биле дел од оние кои се чудат како храната изгледа толку добро на рекламите и воопшто не личи на она што го гледаме во реалноста?

kako-hranata-na-reklamite-izgleda-tolku-vkusna-01_copy.jpg

Тоа е така затоа што храната однапред се подготвува со неколку трикови за да изгледа повкусно.

15 интересни трикови заради кои производите во рекламите изгледаат совршено свежи и вкусни:

1. Овошјето се прска со дезодоранс или лак за коса

Нема потреба од многу Фотошоп, овошјето секогаш блеска заради лакот за коса со кој се прска пред да биде фотографирано.

kako-hranata-na-reklamite-izgleda-tolku-vkusna-1_copy.jpg

2. Масло за мотор наместо сируп за палачинки

Сирупот брзо се апсорбира во палачинките, па заради тоа, наместо сируп, палачинките се поливаат со масло за да изгледаат така совршено вкусни.

kako-hranata-na-reklamite-izgleda-tolku-vkusna-2_copy.jpg

3. Плескавиците се мачкаат со боја за чевли

Плескавиците се пржат многу кратко, бидејќи така остануваат дебели и изгледаат сочно, но заради тоа ја немаат темната боја која е знак дека се готови. Темната боја ја добиваат откако ќе се премачкаат со боја за чевли.

kako-hranata-na-reklamite-izgleda-tolku-vkusna-3_copy.jpg

4. Морската храна се третира со глицерин

Бидејќи морската храна брзо по пржењето се собира и се прават набори, таа се третира со мешавина од вода и глицерол за да изгледа така како што изгледа на фотографиите.

kako-hranata-na-reklamite-izgleda-tolku-vkusna-4_copy.jpg

5. На кинеските нудли им се додава гликозен сируп

Нудлите брзо се готват, ама подеднакво брзо ја апсорбираат и течноста и се лепат, па за да се избегне тоа, на нив се додава сируп од гликоза.

kako-hranata-na-reklamite-izgleda-tolku-vkusna-5_copy.jpg

6. Во тортите и колачите се става картон

За тортите и колачите да изгледаат сочни и полни со фил, меѓу тестото се додава парче картон пред да се нанесе тенок слој фил или шлаг.

kako-hranata-na-reklamite-izgleda-tolku-vkusna-6_copy.jpg

7. Во пијалаците се додава сјај за пена

Во млекото, пивото и кафињата каде треба да се гледа многу пена, се додава средство за миење садови за повеќе пена.

kako-hranata-na-reklamite-izgleda-tolku-vkusna-7_copy.jpg

8. Сладоледот се заменува со пире од компири

Сладоледот од светлината и топлината брзо го губи изгледот и почнува да се топи, па наместо него, на фотографиите гледате пире од компири.

kako-hranata-na-reklamite-izgleda-tolku-vkusna-8.jpg

9. Наместо шлаг, пена за бричење

Формата на пената за бричење изгледа далеку подобро од онаа на шлагот, па заради тоа истата се става во храната која треба да се фотографира за реклами.

kako-hranata-na-reklamite-izgleda-tolku-vkusna-9.jpg

10. Пластика наместо коцки мраз

Мразот брзо се топи, па на фотографиите, наместо него се става пластика која изгледа како коцки мраз.

kako-hranata-na-reklamite-izgleda-tolku-vkusna-10.jpg

11. Млекото во житариците се заменува со лепило

Млекото брзо се впива во житариците, па наместо него, за чинијата житарици да изгледа посочно, се става лепило.

kako-hranata-na-reklamite-izgleda-tolku-vkusna-11.jpg

12. Во газираните пијалаци се додава антацид

Меурчињата од газираните пијалаци брзо се губат, па пијалаците да изгледаат повеќе газирани, во нив се додава антацид.

kako-hranata-na-reklamite-izgleda-tolku-vkusna-12.jpg

13. Пилешкото се полни со хартија

За пилешкото да изгледа како да има повеќе волумен се полни со хартија.

kako-hranata-na-reklamite-izgleda-tolku-vkusna-13.jpg

14. Во сосовите се става восок

За сосовите да изгледаат погусти и компактни, во нив се додава топен восок.

kako-hranata-na-reklamite-izgleda-tolku-vkusna-14.jpg

15. Пареата се креира вештачки

Кога на рекламите гледате жешка чинија супа или свежо печен компир, всушност гледате во сосема оладен оброк на кој вештачки од страна се додава пареа со помош на машина која креира пареа.

kako-hranata-na-reklamite-izgleda-tolku-vkusna-15.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Како учтиво да ја вратите нарачката во ресторан (и кога не е во ред да барате нов оброк)? Доколку ви ја згрешат нарачката или ви стават состојка која сте нагласиле дека н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg