9 паметни фрази со кои ќе ги победите безобразните луѓе и коментари
Тешко е да се воздржите и да не вратите кога некој е дрзок и безобразен со вас. Сепак, постојат работи кои без многу потресување и објаснување ќе ви донесат предност.
Важно е да знаете тактички да одговорите на секоја провокација и негативен коментар кој има за цел да ја намали вашата вредност.
Секогаш на располагање имајте ги овие 9 фрази:
Моќта на „благодарам“ е магична. Ако на безобразниот коментар одговорите со ова зборче, истовремено покажувате дека не сте вознемирени и лути и си додавате доза учтивост и култура. Во превод, сте го сфатиле дрскиот коментар, но одбирате да не ве засега.
Оваа фраза покажува дека немате намера да разговарате со луѓе кои не покажуваат почит кон вас.
Ако чувствувате дека едноставно сакате да го прекинете разговорот, направете го тоа со оваа искрена фраза. Многу подобро, отколку подоцна да зажалите за она што сте го кажале во афект и нервоза.
Прашањата од овој тип се посебно ефективни ако коментарите и луѓето се обидуваат да ве стават во непријатна позиција. Ова е доказ дека имате доволно самодоверба и лесно се справувате со незгоди. Благодарение на оваа фраза, секој непријатен разговор може да го претворите во анализа на оној кој сака да ве потцени.
Ако нешто и некој ви ги повредува чувствата - кажете го тоа. Преку оваа реченица се штитите од понатамошни грижи заради потиснатите емоции и реакции.
Повеќето луѓе имаат проблем да признаат кога другата страна е во право, па затоа оваа реченица има моќ да ја заврши секоја расправија. Ако сметате дека човекот кој ви упатил коментар или критика е во право, барем малку, искористете ја за мирен крај.
Многу често луѓето кои се безобразни не сфаќаат дека се такви. Најлесен начин да им го укажете тоа е ако ја искористите токму оваа реченица.
Оваа фраза може да ја искористите во многу ситуации, и секако, ќе има иронично и саркастично значење. Едноставното „те сакам“ исто така, доколку е искрено и упатено кон блиски луѓе, може инстантно да ги смири негативните емоции и зборови.
Смеењето е најдобар одговор на нечија дрскост. Оваа реакција никогаш не ја очекуваат, па тоа ќе им покаже каде им е местото и што точно мислите за нивното однесување.
М. Д. | Црнобело