Пораки за среќа од една мајка, до сопругот и децата
Животот понекогаш не е лесен, понекогаш нè учи на тешки лекции кои можеме да ги пренесеме на другите само тогаш кога сме пред крајот од нашиот живот.
Така е и со емотивното писмо во кое една мајка ги учи на неколку кратки лекции своите синови:
1. Сè што правите ќе ви се врати, без исклучок.
2. Сами си ја пишувате иднината. Не дозволувајте другите да го прават тоа наместо вас.
3. Сè што некој ви направил во минатото нема никаква моќ над вас, освен ако не дозволите вие.
4. Кога луѓето ќе ви покажат кои се навистина, верувајте на тој впечаток.
5. Грижата е само губење на енергија. Подобро е тие емоции да ги искористите за нешто корисно.
6. Она во кое верувате е посилно и помоќно и од она кое го сонувате и кое го посакувате. Секогаш ќе станете она кое сте верувале дека ќе бидете.
7. Единствената молитва која некогаш ви е потребна и сосема доволна е „благодарам“.
8. Среќата која ја чувствувате е директно пропорционална со љубовта која ја давате.
9. Вашиот неуспех искористете го како повод да станете во нов правец.
10. Ако направите избор кој е во спротивност со она кое другите го мислат дека е правилно, светот нема да се распадне заради тоа.
11. Верувајте на вашите инстинкти. Интуицијата никогаш не лаже.
12. Сакајте се себеси и научете таа љубов да ја насочувате и кон другите.
13. Во работата нека ве води страста.
14. Љубовта не боли. Напротив, чувството е одлично.
15. Секој ден е прилика да почнете од почеток.
16. Сомнежот е сигнал за вашето „не“. Ако се сомневате, не брзајте, размислете добро.
17. Кога не знаете што да правите, само бидете трпеливи и мирни. Одговорот сам ќе ви дојде.
18. Ништо лошо не трае вечно.
19. И тоа ќе помине.
20. Секогаш бидете верни сами на себе.
Н. Г. | Црнобело