10 мали работи според кои луѓето го оценуваат вашиот карактер

Секој од нас има свои карактерни особености кои може да се откријат на голем број начини.

10-mali-raboti-spored-koi-lugjeto-go-ocenuvaat-vasiot-karakter-01

Честопати нашето несвесно однесување и движење е најдобриот показател за она што се крие во нас.

Иако ние не можеме да забележиме голем дел од нив, психолозите се согласуваат дека тривијалните работи како колку брзо одиме или како пишуваме можат да откријат многу за нас како личност.

Ова се токму такви тривијални работи кои им оддаваат тајни на нашите соговорници...

1. Начинот на кој се ракувате

Луѓето кои се ракуваат цврсто, обично се силни личности со цврст карактер, додека луѓето кои се ракуваат нежно се личности кои најчесто имаат недостаток од самодоверба и во најголемиот дел од случаите го бараат најлесниот начин за извршување на нештата.

2. Вашата точност

Доколку задоцните на важен состанок голема е веројатноста дека ќе бидете протолкувани како несериозна личност. Проактивните личности се секогаш точни, оставајќи впечаток на ментално организирани и мотивирани лица кои знаат правилно да го распоредат своето време.

3. Како се однесувате кон персоналот во ресторан

Можете многу да дознаете за некого само од набљудувањето на неговото однесување кон келнерите и помошниот персонал во рестораните. Доколку некој е нељубезен и лошо се однесува, големи се шансите да остави негативен впечаток кај останатите луѓе.

4. Каде гледате додека пиете од вашата чаша

Личностите кои гледаат во чашата кога пијат се повеќе интроспективни, самосвесни, иделистични и фокусирани. За разлика од нив лицата кои гледаат во работ на чашата многу почесто потпаѓаат под влијание од другите, помалку се грижат за нештата и се подоверливи.

5. Дали ги грицкате ноктите

Научниците објаснуваат дека луѓето кои ги грицкаат ноктите по природа се перфекционисти и речиси никогаш не успеваат целосно да се опуштат.

6. Вашиот ракопис

Луѓето кои силно притискаат со пенкалото се обично тврдоглави, но и полни со самодоверба. За разлика од нив луѓето кои пишуваат со големи букви се сметаат за екстровертни, додека оние кои пишуваат со поситни букви за интровертни. Благо закосените букви на десната страна укажуваат на пријателски настроени и чувствителни личности, додека буквите закосени на лево укажуваат на интроспективна личност.

7. Колку често го проверувате телефонот

Истражувачите се согласуваат дека луѓето кои многу често го проверуваат својот мобилен телефон (без оглед дали е тоа отворање на нови мејлови, Фејсбук, Инстаграм...) се емоционално помалку стабилни личности, но и личности кои знаат да го подигнат расположените на тие околу нив.

8. Дали воспоставувате контакт со очите

Млитавото ракување и отсуството на контакт со очите укажуваат на недостаток од самоконтрола, одличност и интровертност. Спротивно на тоа екстровертните личности немаат проблем да го гледаат во очи соговорникот, и оставаат впечаток на доверливи и доминантни личности.

9. Како возите

Вашата љубезност кон останатите учесници во сообраќајот може да каже многу за вашата личност. Едно истражување покажало дека мажите кои прават опасни маневри во сообраќајот се импулсивни личности, кои неретко може да бидат агресивни и груби, додека за ваквите жени важи мислењето дека се невротични и анксиозни.

10. Колку брзо или бавно чекорите

Според истражувањата луѓето кои чекорат побавно и поумерено се поврзуваат со екстровертност и авантуристичност, додека оние кои постојано брзаат со невротичност и анксиозност.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg