Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


15 „магични“ трикови кои ќе ви го поедностават животот

Колку пати во животот сте се почувствувале како ништо да не можете да постигнете? Како да не можете да се соочите со ништо? Тоа е во ред. На секого му се случува.

15-magicni-trikovi-koi-kje-vi-go-poednostavat-zivotot-01.jpg

Важно е да продолжите понатаму и сами да си ја пронајдете среќата.

Со овие „магични“ трикови:

1. Одберете да бидете среќни

Како мали нè учеа дека сите сме или победници или губитници. Животот станува игра која често се мери со пари. Така, ја губиме душата, а со тоа и среќата. Научете се како да се вратите на едноставните задоволства и не ја барајте среќата во парите.

2. Променете го начинот на кој размислувате

Керол Двек, авторката на „Mindset: The New Psychology of Success“ вели дека луѓето или се фиксираат за работите или гледаат да го променат она што се случува. Овие вторите се далеку посреќни и исполнети.

3. Замислете дека ова ви е последен ден на Земјата

Работите тогаш имаат поинаква перспектива, нели?

4. Простете

Не бидете жртва на сопствената „судбина“, ниту на другите. Можеби ви згрешиле, но со тоа што не простувате само ги држите негативните емоции внатре во себе.

5. Размислете - Што би правеле ако сè изгубите?

Што ќе правите тогаш?

6. Размислете како им е на оние кои немаат ништо

Бидејќи тогаш ќе сфатите дека некој има далеку полош живот, а вашите проблеми и не се така трагични и страшни.

7. Вратете се на вашите детски соништа

Што заборавивте? Што сакавте да бидете како дете? Зошто не се случи тоа? Што ве спречи? Овие прашања можат да ви помогнат да го промените начинот на кој размислувате.

8. Откријте кој додава вредност на вашиот живот

Вашите родители се меѓу нив, нели? Тие ве учат како да бидете подобра личност. И вашите пријатели. Но, не сите. Оние токсичните само ве кочат и вреди да заборавите на нив.

9. Променете ги работите кои дозволувате да влезат во вашата душа

Стрес? Мизерија? Незадоволство? Фрустрација? Ова се работи кои не смеете да дозволите да влијаат на вашиот живот.

10. Секојдневно размислувајте за вашиот живот

Размислете што сте постигнале тој ден, што не. Што влијаело негативно на вас и како можете да го промените тоа...

11. Вежбајте

12. Најдете начин да се релаксирате

Секој ден. После работа. После одредени нервози. Најдете начин како да дишете длабоко и да се смирите, а после тоа можете и да преминете на следната точка.

13. Медитирајте

Така, дефинитивно ќе се смирите и ослободите од негативните случувања од тој ден.

14. Спијте

Ова е нешто кое секојдневно го слушаме, ама сонот навистина е важен.

15. Направете си листа

Листа на работи кои очекувате да ги постигнете, пробате, видите... И целете кон тоа секоја точка полека, но сигурно да ја штиклирате.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg