7 замки во кои секојдневно запаѓа нашиот мозок
Се вели дека колку луѓе има на планетава земја, толку многу има и различни мислења. Всушност, работите не се такви.
Голем дел од нашите мислења и постапки сите ги делиме. Токму тие слични мислења, потсвесно ги одредуваат и нашите постапки.
7 мисли кои ги диктираат нашите постапки:
„Светот е поделен на добро и зло“
Тоа е исто како да кажете дека сè во светот е црно или бело, нема средина, нема меѓу нив други бои. Ако размислуваме на овој начин, тогаш започнуваме да користиме само две категории - добро и лошо.
На пример, студентот кој добил ниска оцена, вели дека професорот е лош и строг, без да помисли дали навистина се трудел квалитетно да научи, па и самиот, барем малку е виновен за ниската оценка.
„Кажи ми што си по професија и јас ќе ти кажам кој си“
Многу чесно се случува одредени знаења кои ги имаме и стереотипи за одредени професии да ги пренесуваме на самата личност и да ги препишуваме како нејзини особини.
На пример, ако запознаеме доктор од Англија, во главата си вртиме два стереотипи „сите Англичани сакаат чај“ и „сите доктори имаат лош ракопис“. Токму од овие сфаќања, несвесно заклучуваме дека сме запознале личност која е љубител на чај и има лош ракопис.
„Јас можам да го променам текот на настаните“
Во 1975-та година, американскиот психолог Елен Лангер направила експеримент. Испитаниците кои ги имала на располагање ги поделила во две групи.
И двете групи добиле билети за лотарија со тоа што, првата група имала можност сама да ги одбере ливчињата кои сметаат дека ќе бидат добитни, а на втората група им биле доделени без можност за избор.
По неколку дена, имале можност да направат промени, односно ако сакаат, ливчињата да ги заменат со оние кои сметаат дека можат да бидат добитни.
Оние од првата група, кои имале можност сами да одберат ливче многу помалку сакале да го сменат ливчето кое првобитно го одбрале.
Лангер заклучила дека кога во одредени настани сме лично вклучени, тогаш имаме илузија на контрола. Се чини дека овој ефект не може да штети, но во рацете на искусен манипулатор може многу да наштети на луѓето кои ќе наидат на неговиот пат.
„Може да види низ мене“
Сите ние сме убедени дека многу добро можеме да ги разбереме луѓето и обратно, другите нас можат многу добро да нè разберат.
На пример, ако сакаме да кажеме некоја мала лага и ушите случајно ни поцрвенат, убедени сме дека другата личност тоа ќе го забележи и ќе не фати во лагата. Но, не мора секогаш да е така.
Сличен е случајот и кога чекаме другата личност да „чита меѓу редови“ и да сфати што сакаме од неа. Понекогаш многу подобро е да бидеме директни.
„Итно ми треба оваа работа“
Никој не може да одолее на производот на кој е пишано дека е на 80% попуст, без разлика на тоа дали истиот навистина е намален или ја има истата цена како и претходно.
Тогаш имаме лажно убедување дека од одредена работа дефинитивно ќе имаме корист и стануваме уверени дека мораме веднаш да ја искористиме зделката.
„Моето објаснување никој не го разбира/мене никој не ме разбира“
Ова било потврдено со еден експеримент. Биле направени две групи од студенти. Првата група требала да отпее добро познатипесни кои ќе ги одбере од можни 120 песни кои им се дадени на располагање, а другата група да ја погодат мелодијата.
Првата група, пред да почне експериментот биле прашани да претпостават колку студенти ќе успеат да ја погодат мелодијата мелодијата. Бројката била многу поголема од тоа колку студенти во самиот експеримент успеале да ги погодат песните.
Реалноста е што во глава имаме одредена замисла за работите и очекуваме дека и другите мораат да бидат согласни со нас и да го делат нашето мислење, но работите не се секогаш такви.
„Мене тоа ништо не ми значи“
Ова е еден од поинтересните феномени познат како „нога на вратата“.
Суштината лежи во тоа што, ако од еден човек побарате мала услуга и потоа покажете благодарност, следниот пат многу полесно можете да добиете и поголема и потешка услуга од истиот човек.
Работата е во тоа што кога на некого ќе му направиме услуга, ни се подига самодовербата. Следниот пат за да го одржиме ова ниво на самодоверба, подготвени сме и на потешки задачи.
Нешто лично како народната изрека: „Ако им дадеш прст, ќе ти земат цела рака“.
Н. Г. | Црнобело