5 кратки приказни кои ќе ве убедат дека сè уште постојат добри луѓе
Во време во кое постојано слушаме за човечки трагедии, потчинети лица и социјални неправди, приказните кои ни покажуваат дека на светот сè уште постојат вистински луѓе, се реткост.
Следиве приказни нека ве инспирираат и вие да станете една ваква личност, која несебично ќе помага и ќе се грижи за другите, притоа не барајќи апсолутно ништо за возврат.
1. Матура во фармерки
Веќе трета година по ред, матурантите од едно училиште во Украина, решаваат да се откажат од скапа облека за матурската прослава и наместо тоа да носат најобични фармерки. Парите наменети за облека ги донираат во добротворна организација, која обезбедува средства за болница што лекува деца со срцеви проблеми.
2. Првачиња со акција за помош на омилената учителка
Малечките ученици биле шокирани кога дознале дека нивната омилена учителка Олга е болна од рак. На почетокот ѝ испраќале картички со пораки за поддршка, но по кратко време се решиле на посериозен чекор.
Започнале со продавање на украси кои сами ги изработиле, при што успеале да соберат повеќе од 6.000 долари. Благодарение на нив, Олга има уште поголем мотив и желба да се бори против болеста.
3. Човек донирал бубрег за неговиот најдобар пријател
Каид Мохамед и Џон Рилф биле пријатели уште од деца. Кога Џон се разболел и му била потребна трансплантација на бубрег, се чинело дека шансите да преживее се многу мали.
Но, Каид направил нешто навистина несекојдневно за неговиот пријател. Тој го донирал сопствениот бубрег, а нивното пријателство, секако трае до ден денес.
4. Непознат човек му помогнал на момче да го оствари неговиот сон
Кога знаете што сакате, не постојат изговори и ограничувања. Ова младо момче немало доволно финансиски средства за опрема за вежбање, па користело стари автомобилски гуми. Тој отсекогаш сакал да стане фудбалер, но неговото семејство немало можности да му ја обезбеди целата потребна опрема.
Кога еден случаен минувач го забележал, го објавил тоа на интернет и се појавиле многу луѓе со желба да помогнат, па сега младото момче многу полесно може да го оствари својот сон.
5. Шатор полн љубезност
Идејата е шаторот да послужи како место каде луѓето ќе може да оставаат разни работи кои веќе не им се потребни, со цел оние кои немаат можности да си ги купат, а имаат потреба од нив, да можат да си ги дозволат полесно.
На овој начин, бездомните и загрозените лица би можеле да добијат храна, но и средства за хигиена и облека на многу лесен и едноставен начин.
М. С. | Црнобело