6 работи на кои непотребно го трошите времето, обидувајќи се да ги промените

Можеби една од најтешките работи во животот е помирувањето со фактот дека одредени нешта во животот секогаш ќе бидат надвор од ваша контрола.

6-raboti-na-koi-nepotrebno-go-trosite-vremeto-obiduvajkji-se-da-gi-promenite-001.jpg

Колку побрзо го сфатите ова, толку подобро за вас. Вистинското созревање значи прифаќање на нештата онакви какви што се.

Само на тој начин можете да си овозможите себеси вистински избори и правилно донесени одлуки.

Во спротивно, само се залажувате себеси и го трошите сопственото време, верувајќи во нешта што не постојат.

Следните 6 работи се нешто кое навистина треба да престанете да го менувате:

1. Не може да им се допаѓате на сите луѓе

Колку и да се обидувате невозможно е сите да ве сакаат. На тој начин само непотребно ќе ја трошите енергијата која ја имате во сосема погрешна насока.

Луѓето на кои навистина им значите ве сакаат заради тоа што сте, а не заради тоа што се обидувате да бидете за нив.

2. Вината нема да смени ништо

Чувството на вина за некои грешки направени во минатото нема да смени ништо, ниту пак ќе направи да се чувствувате подобро.

Единственото нешто кое тоа го носи со себе е неможноста да продолжите напред. Запаметете, минатото е минато, што и да направите не можете да го промените.

Но, затоа сегашноста е нешто кое го создавате во моментов, па потрудете се таа да биде онаква каква што сакате.

3. Не можете да смените никого

Ќе знаете дека ја имате вистинската личност до вас само тогаш кога ќе бидете подготвени да ги прифатите сите нејзини маани без да имате потреба да ја промените.

Единствената личност која можете да ја промените сте вие самите, другите можете само да се обидувате, но никогаш нема да успеете.

4. Не сте бесмртни

Повеќето од нас ја ставаат работата на прво место и се обидуваат да постигнат што е можно повеќе, притоа заборавајќи дека нема да живееме вечно.

Материјалните нешта се навистина важни за да си пружите себе си добар живот, но не заборавајте дека еден ден нема да жалите што не сте работеле повеќе, туку што не сте поминувале повеќе време со семејството, пријателите и сите оние луѓе кои ви значат.

5. Единствената личност со која се натпреварувате сте вие самите

Мерењето и споредувањето на успехот, постигнувањата, желбите, идеите со другите луѓе е нешто кое секогаш ќе ви предизвикува тага и незадоволство. Секој има своја патека и секој има различна дефиниција за успех.

Единствената личност од која секој ден треба да бидете подобри е таа која секое утро ја гледате во огледалото. Само на тој начин ќе знаете дека сте на вистинскиот пат.

6. Вие сте одговорни за тоа како се чувствувате

Можеби не можеме да ги контролираме постапките и чувствата на другите луѓе, но затоа можеме да ги контролираме сопствените. Ако се чувствувате тажни или неисполнети заради нешто, реагирајте и сменете го.

Не оставајте времето да поминува, а вие да тапкате во место, на тој начин само го зголемувате вашето незадоволство од себеси и си ја скратувате среќата која ја заслужувате.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg