Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


На што треба да кажете „збогум“ во новата 2017-та година?

Новата година е време за нови работи, не за држење до старите работи кои веќе одамна знаете дека не функционираат, ниту пак ве прават посреќни.

na-shto-treba-da-kazete-zbogum-vo-novata-2017ta-godina-01_copy.jpg

Кажете збогум на неколку работи во новата 2017-та година:

1. Кажете збогум на мислите кои ве прогонуваат доцна во ноќта и ви кажуваат дека не сте доволно добри.

2. Кажете збогум на оние кои не ве ценат, оние кои не ве третирале со љубов и почит.

3. Кажете збогум на моментите кога нешто сте згрешиле, престанете да се грижите за нив, туку чувајте ги само лекциите кои сте ги научиле.

4. Кажете збогум на солзите кои се лизгале по вашето лице заради оние кои не го заслужиле тоа.

5. Кажете збогум на стравовите кои ве кочат.

6. Кажете збогум на моментите на слабост кои сте ги имале минатата година.

7. Кажете збогум на љубовта која не ви е возвратена.

8. Кажете збогум на моментите кога сте останале, а сте знаеле дека треба да си заминете.

9. Кажете збогум на тоа да останете исти кога можете да се промените.

10. Кажете збогум на пријателите кои ве изневериле или издале.

11. Кажете  збогум на оние кои се сомневале во вас и кои се смееле на вашите соништа.

12. Кажете збогум на листата на работи кои сакате да ги остварите до крајот на животот. Подобро е кога немате попис кој ве води и се ослободувате од очекувањата.

13. Кажете збогум на потребата сè да контролирате.

14. Кажете збогум на прашањата кои не биле одговорени, оние кои ве мачеле и за кои долго сте се мислеле.

15. Кажете збогум на работите кои не ви биле судени.

16. Кажете збогум на зборовите кои ве повредиле и оние кои мислеле дека одредуваат кои сте и што сте.

17. Кажете збогум на тешките моменти од 2016-та година, на лошите спомени, на непроспиените ноќи и скршените срца.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg