Илустрации: 10 чудни поговорки, нацртани буквално
Илустраторот и дизајнер Џејмс Чапман од Манчестер, Англија, решил да креира буквални, но и комични илустрации на разни чудни изрази од различни земји ширум светот.
Од Кенија, Шведска и Етиопија, до Русија, ова се некои од најсмешните буквални илустрации на познати поговорки:
1. „Кога слоновите се борат, тревата страда“ (Кенија)
Значење: Битката на моќните, ги повредува само малите.
2. „Перницата е најдобар советник“ (Шведска)
Значење: Отспијте, наутро ќе имате решение за проблемот.
3. „Лизгавиот под не препознава крал“ (Кенија)
Значење: Дури и најмоќните луѓе, се само луѓе.
4. „Ако светот се поплави, тоа ништо нема да ѝ значи на патката“ (Турција)
Значење: Работите кои ви изгледаат лоши на вас, не се лоши за сите.
5. „Жабата која живее во бунар, не го познава морето“ (Јапонија)
Значење: Во светот се случуваат многу повеќе работи отколку што знаете, обидете се да си го проширите видикот.
6. „За да живеете меѓу волци, треба да завивате како волк“ (Русија)
Значење: Во опасните ситуации обидете да се вклопите.
7. „Гладот е најдобар сос“ (Старо-римска поговорка)
Значење: Сè е повкусно кога сте гладни.
8. „Мачка со ракавици, нема да улови глувци“ (Галска поговорка)
Значење: Ако сте цело време внимателни и учтиви нема да постигнете ништо.
9. „Оставете Бетмен да ја заврши работата“ (Филипини)
Значење: За некои проблеми, потребен е суперхерој да ги реши.
10. „Гладниот стомак нема уши“ (Франција)
Значење: Не можете да се концентрирате, ако сте гладни.
Н. Г. | Црнобело