Пред очите на смртта, еден од преживеаните од бразилската авионска несреќа имал барање кое ќе ви го стопи срцето

Од сите работи кои некогаш сте слушнале дека некоја личност ги побарала додека е на работ од смртта, оваа веројатно е најчудната.

baranjeto-na-eden-od-preziveanite-od-brazilskata-avionska-nesrekja-gi-topi-srcata-na-zenite-01.jpg

Како што поминуваат деновите, сè повеќе и повеќе информации се откриваат за трагичната авионска несреќа во која загинаа 76 луѓе, вклучувајќи и бразилски фудбалски тим.

Една приказна навистина е уникатна.

По катастрофалната несреќа во која загинаа речиси сите патници, еден од преживеаните побарал во болницата да ја чуваат неговата бурма.

„Чувајте ми го прстенот“ - изјавил Алан Алатеа.

Од сите работи на светот, тој побарал да се зачува симболот на неговата идна свадба - ветување кое тој го дал на неговата вереница Марина Сторки.

За време на траума, мозокот паѓа во шок состојба, а сепак, покрај целата емоционална и физичка состојба, најважната работа на овој човек му бил симболот на неговата љубов кон Марина.

Аманда, сестрата на преживеаниот напишала на својот Инстаграм профил: „Состојбата му е стабилна. Се молиме за сите оние кои сè уште не се спасени и бараме сила за семејствата. Комплицирана и тешка ситуација. Само Господ ќе ни даде сила. Ти благодариме Боже.“

 

A photo posted by Amanda Ruschel ? (@moa_ruschel) on

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Медицинска сестра одговара на прашања за смртта - Дали сме свесни, дали боли? „Какво е чувството во моментот кога настапува смртта? Дали знаеме?“. Колку да не...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg